28 Март, 2024
0.1432

ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН: ВМРО-ДПМНЕ апелира да донесе одлука со која го укинува Законот за употреба на јазиците

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, вели дека Законот за употреба на јазици е противуставен. 

Според него, тој е донесен во нелегална процедура и е штетен. Oд партијата поднесоа иницијатива до Уставниот суд за оценка на уставноста на Законот за употреба на јазиците.

ВМРО-ДПМНЕ апелира Уставниот суд да одлучи со најголема итност и да донесе одлука со која го укинува Законот за употреба на јазиците.

„ВМРО-ДПМНЕ бара од Уставниот суд донесување на времена мерка – запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземаат врз основа на Законот за употреба на јазиците и Указот за прогласување на истиот, чија уставност се оспорува, од причина што доколку започне да се применува постои ризик од настанување на штетни последици“, изјави Јанушев.

Јанушев рече дека Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците е објавен само со потпис на собранискиот претседател, Талат Џафери и без потпис на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, што било во спротивност со Уставот.

Од СДСМ го тврдат спротивното. Тие реагираа денеска дека не е точно дека Законот за употреба на јазиците е неуставен како што тврди ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ по поднесената иницијатива за оцена на уставноста на Законот од страна на опозициската партија наведуваат дека законот ја регулира употребата на албанскиот јазик кој во Македонија е втор официјален јазик уште со амандманите на Уставот од 2001 година.

Tврдат дека објавувањето на законот во „Службен весник на РМ“ без потписот на претседателот Иванов, е поради тоа што тој го прекршил Уставот, затоа што бил должен да го потпише Указот за прогласување на законот доколку е донесен по втор пат со потребното мнозинство во Собранието.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов