28 Март, 2024
0.0265

Иницијативниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од Мицкоски откако Заев ја доби довербата во Собранието

Објавено во: Македонија 04 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Од Иницијативниот одбор за свикување конгрес на ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од лидерот Христијан Мицкоски откако вчера Собранието со 62 гласа на барање на премиерот Зоран Заев изгласа доверба на Владата.

Пд одборот кој патем има и закажано и вонреден конгрес за 28 март,го обвинуваат Мицкоски дека лажел оти има обезбедено парламентарно мнозинство и свесно ширел еуфорија, додека пак, велат од таму, кружат информации дека власта има и поддршка од некои пратеници од опозицијата.

„Вчера секој искрен и чесен член на ВМРО-ДПМНЕ очекуваше триумф. Му веруваше на сè уште актуелниот претседател Мицкоски и очекуваше новото парламентарно мнозинство, кое тој велеше дека го има, да му изгласа недоверба на Зоран Заев. Наместо прослава. Партиските членови добија ладен туш. СДСМ покажа дека нивното мнозинство е непроменето, а во политичките кулоари кружат информации дека власта обезбедила и дополнителна поддршка од пратеници од опозицијата кои не гласале, бидејќи немало потреба. Партијата вчера беше посрамена. Нема член на ВМРО-ДПМНЕ кој не се почувствува излажан, изманипулиран, потценет“, велат од Иницијативниот одбор.

Иницијаторите бараат Мицкоски да си замине пред да добие уште еден изборен пораз и да предизвика дополнителна штета на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски пак синоќа искоментира дека власта го искористила моментот додека претседателот на најголемата опозициска партија е на боледување од Ковид-19.

„Заев е мафијаш, тоа е дел од неговиот карактер. Тоа што на мала врата на сила протуркува во Собрание гласање за недоверба на Владата, ограничувајќи ја јавната дебата никако не е израз на неговата сила, туку е доказ за неговата огромна слабост, но и недоверба во мнозинството кое многу лесно ќе го загуби.

Тоа што ја користи состојбата на мојата изолација поради заразата со ковид вирусот, сакам да знаете дека не го спасува од паѓање на Владата. Вака ќе купи уште некој ден живот на Владата приклучена на апарати за дишење, но исто како и мојата ковид зараза тие денови ќе поминат“, објави Мицкоски меѓудругото.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење