25 Април, 2024
0.0263

Инспекторите „чешлаат“, високи казни за одговорните во рудникот „Саса“

Објавено во: Економија 21 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Вчера инспекциите го чешлаа рудникот Саса, денеска министерот за труд и социјална политика откри дека има кривична пријава за правното и одговорното лице во рудникот во Македонска Каменица, но и неколку прекршочни пријави со парична казна од 46.000 евра. Инспекцијата доаѓа ден по загинувањето на млад рудар во Саса, кој бил згмечен од машината што ја одржувал. 10 инспектори од Државниот инспекторат за труд и двајца од Државниот технички инспекторат, констатитале повеќе неправилности. Деталите ги изнесе министерот. „Од областа на безбедност и здравје при работа на работниците поднесени се 5 прекршочни пријави од кои 4 се од трета категорија со парична казна од по 8.000 евра“, информираше министерот Диме Спасов кој укажа дека прекршоците се главно во делот на безбедност и здравје при работа, но не била целосно испитувана и заштитната опрема на рударите. Последната инспекција во рудникот била напраена минатиот септември, а како што информираше Спасов, во меѓувреме голем дел од недостатоците биле отстранети. Сепак, најави тој, покрај редовните ќе има и вонредни инспекциски надзори како во удниците, така и кај градежните компании ангажирани на изградба на поголеми објекти. Пред десетина дена во Скопје загина и градежен работник на работното место. Минатата недела, друг градежен работник пак се стекна со тешки телесни повреди при пад од објект.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?