27 Септември, 2024
0.0253

ИНСПЕКТОРИТЕ СЕ НА ТЕРЕН: директорот најавува казни за трговците кои немаат ознака „помалку трошоци, повеќе за тебе“

Објавено во: Економија 25 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од денеска на пладне ќе почне со казнување на трговците кои ги немаат поставено ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“ и не ги продаваат по пониски цени производите за кои Владата донесе одлука да им ја ограничи профитната маржа, најави директорот на ДПИ, Горан Трајковски.

Како што посочи, во теренските проверки што ги вршеле вчера до 21 часот забележале дека маркетите не ги поставиле потребните ознаки, со кои требаше да ги означат производите на кои Владата им наметна пониски профитни маржи иако ДПИ им даде рок тоа да го направат до крајот на вчерашниот ден.

- Екипите на ДПИ од утрово се на терен низ целата држава и уште денеска од 12 или од 13 часот ќе почнат со казнување на маркетите кои не си ја исполнуваат обврската - посочи Трајковски и додаде дека маркетите се жалеле дека немале време да ги испечатат ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“. 

Владата со ограничувањето на профитните маржи на околу 70 основни прехранбени производи очекуваше нивните цени да се намалат за 10 отсто. Согласно одлуката на Владата, трговците требаше да ги обележат намалените производи со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Можеби ќе ве интересира

СРБИЈА ЌЕ ДОБИВА ГАС ОД АЗЕРБЕЈЏАН: За колкава количина се работи?

СРБИЈА ЌЕ ДОБИВА ГАС ОД АЗЕРБЕЈЏАН: За колкава количина се работи?

Свислион затвора продавници „Слатка куќа“ низ Белград и Србија

Свислион затвора продавници „Слатка куќа“ низ Белград и Србија

ЕВН Снабдување – 10 години лидер на слободниот пазар на електрична енергија – стабилен и сигурен партнер за македонските компании

ЕВН Снабдување – 10 години лидер на слободниот пазар на електрична енергија – стабилен и сигурен партнер за македонските компании

ПО ДЕВЕТМЕСЕЧНО ДИРЕКТОРУВАЊЕ СО НАЈГОЛЕМАТА ВИНАРСКА ВИЗБА - Бранка Славеска повеќе нема да раководи со „Тиквеш“

ПО ДЕВЕТМЕСЕЧНО ДИРЕКТОРУВАЊЕ СО НАЈГОЛЕМАТА ВИНАРСКА ВИЗБА - Бранка Славеска повеќе нема да раководи со „Тиквеш“

ЕСМ назначи нова тура директори

ЕСМ назначи нова тура директори

КИНЕСКАТА ИНФРАСТРУКТУРНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: „Катализатор за глобален развој“

КИНЕСКАТА ИНФРАСТРУКТУРНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: „Катализатор за глобален развој“

„РОЛЕКС“ ПОЧНУВА ДА ПРОДАВА „СЕКНД ХЕНД“ ЧАСОВНИЦИ - еве колку тие ќе чинат

„РОЛЕКС“ ПОЧНУВА ДА ПРОДАВА „СЕКНД ХЕНД“ ЧАСОВНИЦИ - еве колку тие ќе чинат

НА ЕВРОПСКАТА АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА И СЕ ЗАКАНУВА ХАОС: Еве што се случува

НА ЕВРОПСКАТА АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА И СЕ ЗАКАНУВА ХАОС: Еве што се случува

ПРОТЕСТИ НИЗ ШПАНИЈА: Сидникатите бараат намалување на осумчасовната работна недела

ПРОТЕСТИ НИЗ ШПАНИЈА: Сидникатите бараат намалување на осумчасовната работна недела