25 Април, 2024
0.0291

Инспиративни до срж: Како македонска компанија ги руши стандардите на работењето

Објавено во: Економија 15 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Во услови на пандемија и сериозна економска криза милиони луѓе ширум светот останаа без работа, кај многу платите беа драстично намалени. Се стравува дека поради намалениот обем на работа и оваа година ќе се справуваат со сериозни проблеми. Психолошкиот аспект и мотивираноста на вработените е предизвик во кое било време, но најмногу во кризни ситуации. Тоа го покажа и оваа ситуација, а успех во справувањето покажаа сепак само компаниите кои се поставени на одлични основи, имаат база за добро менаџирање и посветен менаџмент кој се грижи за сите вработени. На светско ниво има бројни успешни примери, но секако постојат и во Македонија. Дел се поголеми, но големината не е пресудна кога управувањето со човечките ресурси е во прашање. Има и други позитивни компании.

Божиновски часовници и накит постои 25 години. Брендот е докажан и секако е синоним за успех и квалитет. Првата помисла можеби е луксуз, но Божиновски е впрочем начин на живот, убаво живеење, стил и искуства кои инспирираат. Секако и исклучителна грижа за сите вработени – за тоа има и факти.

Почетоците на брендот се во Битола каде во 1996 година е отворена првата продавница. Растот и неприкосновената оригиналност биле загарантирани поради посветноста, но и поради иновациите, новиот начин на работа. Сега, покрај петте сопствени продажни салони, Божиновски ги нуди своите производи и низ мрежата на агенти и франшизи низ Македонија.


„Компанијата веќе 25 години создава вредности, доверба и квалитет, кои секојдневно преку вложување и грижа кон своите вработени ги пренесува на сите свои купувачи.  Брендот Божиновски, како официјален претставник, е препознатлив по врвните, исклучителни модели на Omega, Breitling, Longines, Hamilton, Montblanc, Tissot, Ititoli, TAG Heuer, Calvin Klein, Swatch, Troika, и Flik Flak. За посебни моменти, можете да најдете и уникатни колекции на златни прстени.


Грижата кон вработените е посебен аспект на успешното работење. Моментно во компанијата работат 40 луѓе. Менаџерскиот тим го сочинуваат шестмина, останатите се вработените во дуќаните во Скопје, Битола и Струга и во двата продажни сервиси – едниот во Скопје на Плоштад Македонија, другиот во Битола на Широк сокак. 

Инвестирањето во нив било клучен приоритет на сопственикот Игор Божиновски, кој пак празниците кои годинава ги славевме во специфични услови ги искористи да подари од срце. Не секогаш убавината е скапа, не секогаш благодарноста има цена. За среќа и тој и вработените ја препознаваат искреноста – знаат дека взаемната почит е голем чекор за прогрес и кога околностите не се секогаш добри. Оваа пандемија ги научи луѓето да ги потенцираат вистинските вредности, а тоа го покажа и искуството од уникатниот подарок на Божиновски за своите вработени. На уникатен налин тој им се заблагодари за трудот им влеја довреба дека имаат дом во работата. Наместо стандардни подароци им подари домашно зготвени колачи и специјален чај и им ги подари лично.


Очи полни благодарност. Зборовите некогаш се излишни, сепак...

„Време е за Благодарност! А благодарноста на Bozinovski watches & jewelry мириса на ѓумбир и Божиќен чај и тежи колку една добра душа. Овој чај ќе го испијам во чест на 13 години креативно дружење, освојување на цели, адреналин и судири, мирни разговори и потсетувања за нештата што даваат смисла на животот. Продолжуваме заедно да чекориме по патот по кој поретко се оди во освојување на нови светови, вели Ангела Христовска, маркетинг менаџер.


„Позади мене оставам година исполнета со неизвесност и бројни предизвици,  но во исто време година исполнета со храброст која ме држи исправена пред сите предизвици, љубов која ми ја храни душата, трпение за да не заборавам зошто сум тука, безрезервна поддршка без која не ги била она што сум во последните 8 години.  Дополнително зачинети со магијата на овој за мене многу драг подарок, од нашиот Игор Божиновски со кој ни ја стопли душата, а ни ја подари симболично својата. Притоа потсетувајќи не никогаш да не престанеме да се сакаме, инспирираме и со детска љубопитност неуморно да трагаме по непознатото и совршенството, вели Мери Толевска – Бренд менаџер.


Своја благодарност имаше и Наташа Ристевска – Менаџер на финансии

„Кога трчаме по освојување на големите бројки на навидум недостижните цели, често забораваме дека на нашата душа и е потребно многу малку за да ја нахраниме со инспирација и да и покажиме дека се грижиме за неа исто онака како што таа нас не исполнува со инспирација, напиша Ристевска.


Посебна инспирација – вистинска среќа во време на сериозни предизвици. Вработените во продажните салони секој со посебна порака.


„ Љубовта и среќата се она што најчесто го посакуваме за себе и за луѓето што ни значат. Но, ако не ја храниме нашата душа секојдневно со доза на љубов, тогаш ќе заборавиме да сакаме. Да не заборавиме да се сакаме себе си, затоа што само така ќе имаме сила да шириме љубов насекаде околу нас, вели Ѓургица Дапчев,  Менаџер на продажба.

„Не постои мерна единица за среќа. Таа се мери со нашата свесност да бидеме среќни со она што сме во моментот и да ја храниме нашата душа со мали задоволства, вели Лидија Момировска, Менаџер на големопродажба.

Овие успешни приказни треба да се македонско секојдневие. Големите проблеми носат можности за големи решенија и ниту една криза нема да е страшна ако секој има волја за работа и грижа за секого...


А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?