ИНСТИТУЦИИТЕ ДА НЕ СПИЈАТ: Соседите и Здружението „Стоп за грабежот“ му дадоа поддршка на Бањоглав кој остана без својот дом
Објавено во: Македонија 25 Јули, 2021
Здружението „Стоп за грабежот“ и соседите на Ристе Бањоглав од селото Долни Балван со протест ги повикаа институциите да реагираат и да му помогнат на овој човек.
Велат дека државата мора да ги менува законите. Должниците да не мора да плаќаат камати повеќекратно повисоки од главниот долг. Побараа обвинителството да се изјасни за пријавата за лихварство, извршителите да се вратат во судовите и да не се дозволи да се губи единственото место за живеење поради долг.
Проблемите на Бањоглав почнале пред шест години, кога тој земал пари на заем од роднина, а како залог ја оставил куќата, која била на неговата мајка. Заемот бил околу десет илјади евра. Со текот на годините ем платил висока сума, ем остана без домот.