28 Март, 2024
0.0327

Институциите повеќе нема да можат да кријат информации

Објавено во: Финансии 26 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Криењето на информации на институциите повеќе нема да биде пракса, бидејќи и на локално и на државно ниво тие ќе имаат обврска да објавуваат податоци за своето работење.

Ова се предвидува со првата Стратегија и Акциски план за отворени податоци за која денеска детали изнесе министерот за  информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Манчевски кажа дека секоја институција ќе треба да има посебен офицер за отворени податоци, кој ќе биде задолжен да ги обајвува податоците во соодветна форма. За таа цел во изработка е и посебна веб-страна data.gov.mk каде овие податоци ќе бидат бесплатно достапни за граѓаните.   

Според Манчевски, отворените податоци можат да бидат силен поттик за социјален и економски развој, и да се искористат и за подобрување на управувањето преку зголемување на транспаретноста, на отвореноста, на интегритетот и на јавното учество и во локалната и во централната власт.

„Ова треба да доведе и до подобрување на испораката на податоци и до ефикасност на јавниот сектор, ќе го зголеми учеството на граѓаните и позитивно ќе влијае врз борбата со корупцијата, но исто така со малку иновативност може да биде и шанса за отворање на нови бизниси“, рече министерот додавајќи дека се работи на мета  податоци кои ќе бидат ставени во функција и кои ќе бидат користени за анализи и за обработки.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НАФТЕН ГИГАНТ ПРОДАВА НАД ИЛЈАДА ПУМПИ ШИРУМ СВЕТОТ: Еве што се крие зад одлуката на „Шел“

НАФТЕН ГИГАНТ ПРОДАВА НАД ИЛЈАДА ПУМПИ ШИРУМ СВЕТОТ: Еве што се крие зад одлуката на „Шел“