ИНСТИТУЦИЈАТА ОБЕЗГЛАВЕНА: Што се случува во Државниот завод за ревизија ?
Објавено во: Економија 18 Декември, 2018
Цела година се провлекува изборот на првиот човек на Државниот завод за ревизија а никој од државата како воопшто да не е загрижен .
Што се случува во институцијата која е контролор на јавното трошење? Во моментов со ДЗР управува Заменикот главен државен ревизор Насер Адеми .
Причината е тоа што Собранието и покрај објавениот оглас, цела година не успеа да избере нов Главен државен ревизор.
Во одговор за Фактор од Државниот ревизор велат дека имало трансфери, кои според наши извори се аправени по измени на Правилникот за систематизација, а заменикот според законот немал право да врши измена на Актот на систематизација и организација на ДЗР.
Од Државниот завод за ревизија велат дека тоа било согласно потребите на институцијата и по барање и по усогласувањето со Министерството за информатичко општество и администрација, за што имало согласност и од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства.