23 Август, 2019
0.0388

Интерактивна вежба за заштита и спасување во случај на пожар организирана во ОКТА

Објавено во: Мои пари 19 Јули, 2019


Со заедничка, брза и усогласена реакција во кругот на компанијата ОКТА се одржа „Заеднички одговор 2019“, комплексна вежба за справување со пожар, заштита и спасување. 

Интерактивната вежба управувана од Дирекцијата за заштита и спасување, беше спроведена со учество на Територијалните противпожарни единици од Скопје и од Куманово, Министерството за внатрешни работи, Министерство за транспорт и врски, ЈП Македонски железници инфраструктура, Авио одделението на Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст. Во заедничкиот одговор на кризното сценарио, подеднакво учествуваа и Универзалните единици за заштита и спасување од компаниите ОКТА АД Скопје, ТАВ Македонија, МАКПЕТРОЛ АД Скопје, АВА КОТА, Алкалоид Скопје, Аџибадем  Систина, амбуланта на ОКТА – ПЗУ Интермед Арт.

„На иницијатива на повеќе субјекти и компании Дирекцијата за заштита и спасување како надлежна институција во справување со ваков вид катастрофи, а во рамките на Центарот за обука при Дирекцијата за заштита и спасување, презема активности за изведување на ваква комплексна вежба каде што учество земаа просторните сили на повеќе институции и правни субјекти за заштита и спасување со директно учество на претставниците на Дирекцијата за заштита и спасување. Целта на вежбата е да делува превентивно, да покаже колкави се капацитетите и подготвеноста да одговориме во одредена ситуација, дали и каде треба да се подобрат перформансите за брза реакција и да бидеме подготвени при вистински настан. Денеска видовме еден високостручен, брз и координиран одговор со вклученост на повеќе различни тимови, што докажува дека со еднаква сериозност и стручност на оваа превентивна функција пристапуваат и специјалните и универзалните единици од различни институции“, изјави Аднан Џафероски, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Сценариото за вежбата беше изработено од тим составен од експерти од Дирекцијата за заштита и спасување и вклучуваше екстремна ситуација од неколку сценарија со повеќекратни пожари, експлозии и опасност по луѓето и материјалните добра.

„Спроведувањето на вежбата како заеднички одговор покажа дека реакцијата на специјалните и универзалните единици е координирана и подготвена да одговори на слични ситуации. Покрај стручноста на специјализираните единици од надлежните институции и јавни претпријатија, во вакви сценарија посебно е важна улогата на компаниите како ОКТА, каде што со оглед на природата на нашата работа, посебен акцент ставаме на безбедноста и стручноста за справување со непредвидливи и кризни ситуации. Во спроведувањето на денешната комплексна вежба, што беше создадена скоро идентично на реална ситуација, нашата единица покажа спремност, усогласеност и висока подготвеност да даде брз и ефективен одговор“, изјави Зоран Доревски, Менаџер за обезбедување и ПП заштита во ОКТА. 

Вежбата траеше четири часа, а покрај во кругот на компанијата ОКТА, дел од сценариото се одвиваше и во индустриската зона во близина на селата Миладиновци, Петровец и Бунарџик. Овој тип вежби е особено важен, бидејќи се однесува на заштита на човечки животи, материјални добра и животната средина во високо кризни ситуации. 

Интерактивната вежба беше проследена од претставници на државниот врв. Во кругот на ОКТА за време на настанот беа присутни Претседателот Стево Пендаровски, Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, Министерот без ресор, Едмонд Адеми како и претставници на Генералштабот на АРСМ.


Можеби ќе ве интересира

Дефектот на ул.Карл Либкнехт 4 е саниран

Дефектот на ул.Карл Либкнехт 4 е саниран

Дефектот на улица Босна и Херцеговина е саниран

Дефектот на улица Босна и Херцеговина е саниран

Трчањето како начин на живот, а трката како шлаг во Битола

Трчањето како начин на живот, а трката како шлаг во Битола

Саниран дефект и најава за прекин во водоснабдувањето

Саниран дефект и најава за прекин во водоснабдувањето

Тутунскиот комбинат АД Прилеп годинава ќе ја заврши за прв пат со добивка

Тутунскиот комбинат АД Прилеп годинава ќе ја заврши за прв пат со добивка

Марко Пејчиновски - СО СРЦЕ ЗА РЕТКИТЕ

Марко Пејчиновски - СО СРЦЕ ЗА РЕТКИТЕ

Вработување во ПроКредит банка

Вработување во ПроКредит банка

ОКТА и УКИМ потпишаа меморандум за стипендирање студенти

ОКТА и УКИМ потпишаа меморандум за стипендирање студенти

Без вода во понеделник цела населба Лисиче

Без вода во понеделник цела населба Лисиче