19 Април, 2024
0.0362

Интерес од ЕБОР за две електрани и прочистителна станица

Објавено во: Финансии 11 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Европската банка за обнова и развој, но и други инвестициски банки, како Европската инвестициска банка, сакаат да учествуваат во финансирањето на изградбата на ветерниците во Миравци и фотоволтаична централа во Осломеј. Ова го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски, кој учествуваше на Годишните средби на Европската банка за обнова и развој кои се одржаа во Јордан.

„Во рамките средбите зборувавме со различни меѓународни кредитори за проекти во обновливи извори на енергија, бидејќи приоритет на Владата е значајно зголемување на учеството на обновливите извори. Два значајни проекти за кои веќе имаме добиено позитивни сигнали од меѓународните инвестициски институции како ЕБОР и ЕИБ, дека сакаат да учествуваат во нивна реализација, се ветерната електрана Миравци и фотоволтаичната централа Осломеј. Веќе АД ЕЛЕМ работи на придвижување на работите и подготовка на документацијата“, рече Тевдовски.

Тој се обрати на панелот „Зелена инфраструктура“, на кој беа потенцирани придобивките од инвестициите во обновливите извори на енергија и вложувањата во комуналната инфраструктура. „Придобивките се бројни и се однесуваат на економскиот раст, на привлекување на приватни инвестиции, за отварање на нови работни места, но и секако за животната средина и за здравјето“, рече Тевдовски.

На панелот свое обраќање имаше и претседателот на ЕБОР, Сума Чакрабарти. Во контекст на панелот, министерот за финансии најави уште еден крупен проект. „Станува збор за Пречистителната станица Скопје. Проектот би чинел околу 130 милиони евра. Од Европската инвестициска банка, ЕБОР и КфВ имаме добиено потврда за подготвеност од нивна страна да учествуваат во финансиската конструкција и очекуваме тендерирањето за овој проект да започне следната година“, рече Тевдовски.

Министерот за финансии оствари средба и со потпретседателот на ЕБОР Пјер Хеилброн, како и со директорите за транспорт, енергетика и општински услуги на Банката за обнова и развој.


Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин