25 Април, 2024
0.0299

Интервју - Христина Џамбазовска Анастасов, Директорот на Сектор за деловни операции во Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје

Џамбазовска Анастасов: ВНИМАТЕЛНО ГО ГРАДИМЕ НАШИОТ ТИМ И ВЛОЖУВАМЕ ВО РАЗВОЈОТ НА КВАЛИТЕТЕН МЛАД КАДАР ВО МАКЕДОНИЈА

Објавено во: Мои пари 08 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Водечката компанија за животно осигурување во Р. Македонија, Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје, неодамна започна Проект за едукација на млади лица кои се на самите почетоци на својата кариера.Проектот „Вештини за успех“, реализиран во соработка со една од водечките компании за развој на човечки ресурси DEKRA Arbeit Group, има за цел да понуди висококвалитетна обука за унапредување на комуникациските вештини, развој на вештини за водење преговори, како и стекнување на практично знаење за функционирањето на финансискиот пазар. Директорот на Сектор за деловни операции во Кроациа Осигурување – Живот, Христина Џамбазовска Анастасов ги детектира ефектите на проектот, состојбите на пазарот на труд во Македонија, како и стратегијата за едукација и мотивација на вработените во оваа компанија.

ФАКТОР: Која беше идејата за отпочнување на проектот „Вештини за успех“ и кои се Вашите очекувања од истиот?

Христина Џамбазовска Анастасов - Кроациа Осигурување – Живот досега неколку пати се докажа како општествено одговорна компанија која поддржала млади лица да се изградат и докажуваат во областа на музиката, спортот па и науката. Овој пат, тргнавме од идејата дека

македонскиот пазар на труд располага со високоедуциран кадар на кој му е потребна поддршка од аспект на совладување на практичните вештини за градење на успешна кариера. Веруваме дека на младите лица треба да им се даде можност да научат и да се докажат. Убедена сум дека постои огромен потенцијал на млад кадар со кој што треба да се работи, да се едуцира и да се вложува во нив. Ова мое размислување беше потврдено и со изненадувачкиот голем број на пристигнати апликации за учество на првите обуки.

ФАКТОР: Која е користа за посетителите на овие обуки, кој се може да присуствува на овие обуки и како оди пријавувањето?

Христина Џамбазовска Анастасов - Едукацијата и вложувањето во своите вештини е процес кој никогаш не треба да застане. За градење на успешна кариера не се доволни само компетенциите и знаењето кои сме ги стекнале на факултет или на претходното работно место, туку неопходно е нивно натамошно усовршување и унапредување кое произлегува од потребата да се развиваме и да бидеме поуспешни. Токму тоа го овозможува оваа обука, стекнување на нови практични знаења и усовршување и унапредување на постоечките компетенции и вештини. Радува фактот дека младите во Македонија се повеќе сакаат да вложуваат во себе и развојот на своето знаење. Пријавувањето на обуките оди по пат на отворен јавен конкурс на кој може да аплицира секој заинтересиран со испраќање на својата биографија. Имајќи во предвид дека бројот на кандидати е лимитиран, вршиме селекција на кандидатите кои се контактираат и се повикуваат на обука.


ФАКТОР: Колку Кроациа Осигурување - Живот е посветена да овозможи соодветна едукација за лицата кои се веќе дел од нејзиниот тим?

Христина Џамбазовска Анастасов - Од особена важност за успехот на една компанија е квалитетот на човечките ресурси кои што таа успева да ги привлече, развива и задржи. Долгогодишната традиција и улогата на пазарен лидер во осигурувањето на живот во Р. Македонија за нас претставува обврска за трајно подобрување воведувајќи развој на знаења и вештини. Во тој контекст, Кроациа Осигурување - Живот секојдневно вложува во развојот на своите вработени знаејќи дека самите тие претставуваат најзначајниот ресурс на компанијата. На годишно ниво компанијата усвојува програм на едукација со точно дефинирани обуки за секој вработен во компанијата, а програмата ја креираме врз основа на потребите на самите вработни и нивните планови за иден кариерен развој.

Дополнително, со цел зголемување на мотивацијата на вработените, компанијата има усвоено јасно дефинирана програма „Бенефиција Плус“ кој предвидува низа техники за развој и промоција на вработените.

ФАКТОР: Вие сте една од ретките компании која во рамките на својата организација има Оддел за едукација на своите вработени. Кажете ни нешто повеќе за програмата за едукација, каква е Вашата стратегија за развој на вработените?

Христина Џамбазовска Анастасов - Стратешка цел на Кроациа Осигурување – Живот е развој на висококвалитетен кадар кој ќе се стреми кон реализација на високо поставени цели, како и кон развој на сопствените капацитети и стекнувања на нови искуства и знаења. Целта на CROATIA Академијата, која е посебна Служба во рамки на нашата организација, е грижа за едукативниот развој и стрчна надоградба на сите вработени. Фокусирајќи се кон реална

проценка на потребата од обуки за секој вработен посебно, а со цел креирање на ефикасна програма за поддршка и развој на кариерата на вработените, Кроациа Осигурување Живот на годишно ниво усвојува соодветни програми за континуирана едукација на вработените во рамки на сите организациски делови на компанијата. Со организирање на обуки, дообуки, семинари, конференции, тренинзи се развиваат вештините на вработените кои се подготвени за нови предизвици и ориентирани кон остварување на поставените цели и задачи. Дополнително, во насока на  континуирано вложување во едукација и доусовршување на вработените, компанијата спроведува програма за доделување на стипендии за упис на постдипломски студии. Едукативниот развој и стрчна надоградба на сите вработени истовремено значи развој и напредок на компанијата во целост.

ФАКТОР: Дали овие обуки допринесуваат за кариерен развој на вработените во Вашата компанија, каква е Вашата политика во овој дел?

Христина Џамбазовска Анастасов - Развојот на кариерата во рамките на Кроациа Осигурување - Живот се обезбедува под еднакво на сите вработени и се базира исклучиво на постигнатите резултати и покажаните способности и потенцијал за понатамошен развој. Кроациа Осигурување – Живот користи транспарентен кариерен систем кој ги вклучува вработените во преземањето одговорност за личниот, професионалниот и кариeрниот раст и развој. Системот овозможува добра комуникација меѓу менаџерите и вработените, одлична координација и транспарентен начин на мерење на резултатите.  Вработените во компанијата се дел од перманентен систем на следење на перформансите и работењето.

Особено сум горда што најголемиот дел од кадарот кој денес во компанијата е на менаџерска или раководна позиција се интерни ресурси кои се граделе низ годините и денес се дел од менаџментот на компанијата.

ФАКТОР: Ја споменавте „Бенефиција Плус“ програмата. Кажете ни што поконкретно опфаќа таа програма?

Христина Џамбазовска Анастасов -Водени од фактот дека вредноста и достигнувањата на компанијата зависат пред се од самите вработени, Кроациа Осигурување – Живот го воведе програмот „Бенефиција плус“ кој овозможува дополнителни бенефиции за лојалните вработени. Во оваа програма јасно и прецизно се дефинирани сите привилегии на нашите вработени, како и системот на наградување на најуспешните. Имаме јасно дефиниран награден програм во рамки на кој се предвидени награди за остварените постигнувања систематизирани по организациони единици. Во насока на славење на остварувањата, јавно соопштување на причините за доделените признанијата и наградите, а со цел да се влијае на мотивацијата на вработените, компанијата практикува прогласувањето на наградените да биде на посебно организиран настан за вработените. На овој начин се постигнува синергија во тимот, а наградените се чувствуваат јавно пофалени и посочени како значаен дел од тимот.

ФАКТОР: И најважно, како може да се биде дел од Вашиот успешен тим?

Христина Џамбазовска Анастасов -Кроациа Осигурување – Живот е компанија која пред себе има поставено амбициозни цели за чие остварување има потреба од креативно ориентирани, високо мотивирани и квалификувани личности, кои со ентузијазам и висока ангажираност ќе ги спроведуваат и реализираат нашите заеднички цели. Фокус кон клиентот е една од стратешките определби на Кроациа Осигурување – Живот, бидејќи сме свесни дека задоволството на корисниците е нашата движечка сила и она што постојано нé одржува на врвот. За таа цел, внимателно го градиме нашиот тим и уште повнимателно го избираме секој вработен кој е дел од истиот, работејќи на развојот на нивните компетенции и вложувајќи во развојот на нивните вештини.

Искрено верувам дека македонскиот пазар на труд располага со високоедуциран млад кадар на кој му е потребна поддршка, а нашата компанија е секогаш отворена за млади амбициозни лица, кои се спремни за системски кариерен развој.


Можеби ќе ве интересира

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски