16 Април, 2024
0.1178

Интервју Арсиќ: Со гасификацијата граѓаните ќе живеат достоинствено

Објавено во: Економија 03 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Забрзување на темпото на ширење на гасификацијата низ земјата најавува Александар Арсиќ, извршен директор назначен од Владата во ГА-МА, во разговор за „Фактор“. Компанијата го контролира единствениот систем на природен гас во Македонија, како дел од транзитниот гасовод кој поминува низ Русија, Украина, Молдавија, Романија и Бугарија, а завршува кај нас. Гасификацијата е јавна инвестиција која се реализира најзабрзано меѓу останатите.

Kако ја гледате гасификацијата како процес во Македонија и уште колку време ќе трае, ако се знае дека е децениски проблем, а гасот го има само делумно и тоа од северо-источната граница до Скопје?

- Гасификација како процес е многу значаен за сите граѓани, компании и целокупниот развој на земјава. Оваа Влада навистина се зафати со сериозни намери овој процес да го развие и постави како приоритет со цел сите чинители во едно општество да имаат свој бенефит. Но и не како  чинители на овој процес секојдневно разговараме со луѓето за да може полесно и поедноставно да им го приближиме.  Нашата крајна цел е секој граѓанин, секоја компанија да ги почувствува придобивките од гасификацијата.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов веќе најави дека прстенот околу Скопје е завршен и ќе следи фазата на изградба на дистрибутивната мрежа во главниот град, каде што само 20 проценти од домаќинствата се греат на топлинска енергија, а поголемиот дел на дрва или на струја. Кога ќе биде поврзувањето на ГА-МА со новоформираното градско претпријатие Градски енергетски системи (ГЕС)?

- Мора да потенцирам дека и денес дел од Скопје се грее на гас. Бидејќи, сите топлани работат на гас како енергенс,тоа значи дека сите граѓани кои се приклучени на топлинскиот систем, топлата вода ја добиваат загреана со помош на гас. Што се однесува до развојот на дистрибутивната мрежа, во моментов Скопје веќе го има формирано јавното претпријатие Градски енергетски системи (ГЕС), со што се очекува развој и ширењето на гасоводна мрежа да започне во наредниот период. Самите општини одлучуваат дали сами со свои средства ќе ја развиваат дистрибутивната мрежа или ќе донесат одлука да влезат во јавно-приватно партнерство. Најважно од се е дека граѓаните треба да добијат евтин и еколошки чист енергенс. На овој начин ГЕС ќе биде приклучен на системот на ГА-МА АД Скопје со што ќе добијат квалитетно и навремено снабдување со гас.

Колку сте сигурни дека домаќинствата ќе покажат доволно голем интерес за пренос на природниот гас во нивните домови?

-На оваа проблематика се работи многу внимателно. Се преземаат повеќе мерки за гасот да биде достапен и прифатлив за граѓаните. Една од најновите мерки кои  Владата ги презема е донесената одлука за намалување на ДДВ-то од 18 на 5 проценти за природниот гас, со што државата се откажа од својот профит со цел крајната цена на овој енергенс е подостапна за сите. Потрошувачката на гасот е најоптимална. Тоа значи дека истовремено е и евтин и практичен за употреба. За тоа ќе ви дадам како споредба неколку типови на енергенси од кои може да добите еднаква количина на енергија,  1.000 метри кубни гас даваат енергија колку 5,4 кубниметридрво, 2 тони пелети, 1.000 литри нафта, 10.000 киловат часови струја.Сами може да ги споредиме цените на овие енергенси и да заклучиме дека природниот  гас е најоптимален за користење и дека  се добиваат најмногу погодности за вложените пари. Оваа Влада за прв пат се занимава со гасификација како процес сериозно и сака да го донесе гасот до сите населени и индустриски места.Оваа инвестиција повлекува економско раздвижување. Кога индустриските инвеститори знаат дека го имаат на располагање, уште повеќе се мотивирани да вложуваат свој капитал во државата. Колку повеќе се троши гас, толку повеќе опаѓа цената и овој енергенс се повеќе наоѓа свое место кај потрошувачите. Добро е тоа што работите одат во вистински правец, а во прашање се две димензии. Покрај економската, вредноста што сака Владата да ја наметне е чистата животна средина. Мора со гасификацијата да понудиме достапен извор на енергија, со што би поставиле приоритет наспроти досегашните нееколошки извори на енергија. Ние ова го гледаме и од аспект на здрава и чиста еколошка средина.

Гасоводите на ГА-МА АД Скопје се директно поврзани со своите потрошувачи, како што е когенеративната централаТЕ-ТО, БЕГ, фабриките Алкалоид, Европа, болниците... Има ли нови  потрошувачи кои се приклучуваат, или досега побарале да се направи тоа?

- Покрај секојдневните обврски на постојано одржување на гасоводниот систем, постојано работиме на терен за потрошувачите. Имаме 60-тина клиенти и тие постојано се зголемуваат. Опслужуваме повеќе компанииирегистриранисубјекти одКлиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје, Амбасадата на САД во Скопје, до дирекцијата наТИРЗ, Куманово гас,училишта и голем број на компании.Во моментов работиме и во општината Ѓорче Петров каде приклучок ќе добие Лафома Алкалоид , по најавата на Град Скопје дека се набавуваат нови 33 автобуси на природен гас очекуваме поврзување надругатагаража на ЈСП во Ѓорче Петров. Во Илинден работиме на проширување на мрежата за општината и за Пекабеско. Важно е да напоменеме дека отпочнуваме со приклучок на КПУ Затвор Скопје во Шутка каде лицата кои се наоѓаат во оваа установа би добиле поквалитетно затоплување.Ние имаме можности, знаење и искуство секаде и на секоја компанија да им овозможиме приклучок на нашата гасоводна мрежа.

Стратешки, Владата настојува Македонија да се поврзе што побргу преку интерконекторот со Солун и да добива гас од нови извори како алтернатива. Кои ќе бидат бенефициите за земјата?

-Секаде во светот се води голема грижа енергетските ресурси да се користат во што поголема мерка. Ние како држава мора да бидеме на мапата на светските и регионалните текови. Не смееме да дозволиме да бидеме заобиколени. Сега сме поврзани само преку Бугарија и ние сме последниот корисник како држава.Нашата Влада има одредени проекции за соработка со нашите соседи. Транс адриатскиот коридор поминува преку Турција, Грција и Албанија и преку Јадранот завршува во Италија. Придобивките на нашиот гасоводен систем  се да пренесуваме што поголеми количини на гас. Да имаме алтернативни влезови за да овозможиме на компаниите со кои соработуваме континуирана и сигурна испорака на природен гас во време на одредени ремонтни работи кои се случуваат по коридорот низ кој поминува гасот, но и испорака во случаи на одредени хаварии. Со зголеменото поврзување со гасоводните системи на нашите соседи ќе се создадат услови за подобар економски развој.

Кои се најголемите проблеми на ГА-МА на терен?

-ГА-МА АД Скопје работи по сите нормативи почитувајќи го Законот за енергетика и Мрежните правила за пренос на природен гас. Меѓутоа мора да напоменам дека повремено имаме случаи кога одредени субјекти започнуваат одредени градежни работи без да побараат мислење од нас како транспортер, односно вршат ископи без почитувањето на подземниот катастар. Ова е проблем што загрижува бидејќи се доведуваат пред се во опасност човечките животи. Затоа денес кога во подем е гасификацијата, секој оној кој сака да изведува градежни работи на теренот прво треба да побараат мислење од ГА-МА. Тука не смее да има грешка, бидејќи ваквите грешки се со големи последици. Исто така ,препорака до корисниците да не го мешаат терминот природниот гас (метан) со плинот (пропанбутан). Тоа се два различни типови на гас. Нашата заложба е да ги превенираме сите проблеми.Така, вршиме превентивни и дијагностички прегледи со специјална опрема МФЛ ги пребаруваме внатрешните оштетувањаа на цевките и ги појачуваме со најсовремена карбонска заштита. Исто така, постојано се грижиме за одржувањето на мерните инструменти, нивната исправност и точност, но и надзор врз самата траса на системот и врз активности на трети лица во заштитниот појас.

Какви се односите помеѓу владините членови и оние назначени од другиот половичен сопственик Макпетрол и како тоа делува на работата во самата компанија? Како успевате да функционирате ако се знае дека никој не е доминантен сопственик и по тоа сте уникатни?

- Доколку сакаме една компанија да работи успешно и да постига позитивни резултати, а тоа сме ние, мора да поставите и партнерски коректни односи. Работата на компанијата е во прв план на сите раководни лица. Инаку Владата и Макпетрол делегираат по еден извршен директор и во одборот на директори учествуваат со по три члена. Ако ја анализираме работата на компанијата во последните две години согласно постигнатите резултати може да заклучиме дека е во максимален подем.Согласно рангирањето што го прави Еуро бизнис центарот во соработка со централниот регистар и подржано од Министерството за економија,ГА-МА АД Скопје е меѓу најуспешните компании во нашата држава. Конкретно тоа значи дека на годишно ниво вршиме пренос на над 250 милиони метри кубни природен гас, кој успех секоја година го надминуваме.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

РАСТЕ ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО: Кризата на Блискиот Исток води кон негово поскапување

РАСТЕ ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО: Кризата на Блискиот Исток води кон негово поскапување