25 Април, 2024
0.0274

ИНТЕРВЈУ Бакрачески: Се вршат археолошки истражувања, во зависност од нив ќе се пристапи кон проектот на Субрата Рој!

Објавено во: Економија 19 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Доктор Никола Бакрачески кој на последните локални избори во март оваа година ја доби довербата на охриѓани и стана градоначалник на Охрид во интервју за ФАКТОР зборува за предизвиците со кои се соочил при неговото седнување во градоначалничката фотелја. Бакрачески вела дека 2014 година ќе биде година на масовни градежни зафати и инвестиции во Охрид. За туризмот вели дека со мерките кои ги прават и ќе ги прават во иднина сакаат енормно да го зголемат бројот на туристи кои ќе го посетуваат Охрид. Обелоденува дека во Љубаниште во моментов се во тек археолошки истражувања, од кои можат да зависат идните планови за проектот на Субрата Рој. ФАКТОР Поминаа 8 месеци откако сте на функцијата Градоначалник на Охрид. Сметате ли дека некои од поставените цели се постигнати? Бакрачески Со оглед на ситуацијата која ја затекнаваме на почетокот на превземање на мандатот во локалната самоуправа, а тоа е добро познато на сите, 33 милиони евра долг на општина Охрид, 428 судски процеси против општина Охрид во тек, многу мал дел од јавните површини во Охрид и околните места се во сопственост на општината или Република Македонија, велам со оглед на се ова, добро се снаоѓаме. Исто така имаме превработеност која на некои места како што се јавните претпријатија е дури за 7 пати повеќе од она што значат европски стандарди за ангажирање на работен персонал, а во локалната администрација е дури за 5 пати повеќе од стандардите европски. Сите тие проблеми кои ги затекнавме на почетокот од преземање на мандатот требаше брзо да бидат менаџирани се со цел локалната самоуправа и јавните претпријатија да излезат од шокот во кои се наоѓаат. Не помалку тешка ситуација наследивме и во јавните претпријатија. Покрај огромните долгови со кои кубуреа, сите јавни претпријатија имаа блокирани сметки, имаа имоти под хипотека, вработените немаа земено плата повеќе од 3-4  месеци, некои земаа само по 2000-3000 плата. Истата ситуација беше и со училиштата и градинките. ФАКТОР Кои промени се направени во однос на работењето? Бакрачески Сето ова што претходно го кажав беше еден дезинтегриран систем кој што требаше да се исправи. Со оглед на оваа почетна ситуација која ја наследивме, јас сум задоволен од тоа како се воспостави организациона шема во јавните претпријатија и локалната самоуправа, нова менаџерска шема, воспоставување на систем на работа, воведување за прв пат на упатства за работа, листа на процеси, алгоритми на извршители кои се основни документи и акти врз основа на кои што треба функционално да работи секоја организација. 2014 ЌЕ БИДЕ ГОДИНА НА ГОЛЕМИ ИНВЕСТИЦИИ ФАКТОР Ги реализиравте ли комуналните и инфраструктурни проекти што ги зацртавте за овој период? Бакрачески Во текот на овие неколку месеци ги изведовме сите оние потребни инфраструктурни работи кои беа предвидени со програмата за работа за 2013 година и покрај огромните долгови кои ги затекнавме. Асфалтиравме голем број на сообраќајници во центарот на градот, асфалтиравме улици во приградските населби и во селата. Успеавме да го репарираме оштетеното осветлување и во Охрид и во околните населби. Изградивме голем број на водоводни и канализациони мрежи, мрежи за фекална и атмосферска канализација. Отворивме две градинки во Лескоец и Велгошти.Реконструиравме неколку училишта и ги помогнавме да ги одблокираат сметките. Јавните претпријатија ги ангажиравме да изведувааат работи за локалната самоуправа што порано не беше случај.Со тоа што ние им обезбедивме работа се створија услови за добивање на извори на финансирање. Претходно сите тие активности за изведување на работи во делот на инфраструктурата беа доделувани на 5-6 фирми блиски до градоначалникот, а јавните претпријатија остануваа со куси ракави. Поради ова што го правиме јавните претпријатија ги ослободија хипотеките кои ги имаа во банките, почнаа редовно да земааат плата.Со сето ова што го направивиме во изминатите месеци сум сосема задоволен. ФАКТОР Кога ќе започне реализацијата на големите проекти кои што беа најавувани и возможно ли е реализација на сите зацртани проект со долг кој го има општината од 33 милиони евра? Бакрачески Големите проекти кој ние ги најавувавме на големо течат и се одвиваат подготвителните работи. И затоа не се сомневам дека 2014 година ќе биде година во која што ќе отпочнат најмасовните изведбени и градежни работи што Охрид во изминатите неколку години и децении ги имал. Не се сомневам дека 2014 година ќе биде година на масовни градежни зафати и инвестиции во Охрид. За покриениот олимписки базен кој ние го најавувавме сите подготовки во секторот за урбанизам и просторно планирање се завршени.Изработена е планска документација, се чека само на Агенцијата за млади и спорт која е финансиер на овој проект да го изработи главниот проект и да се објави тендерот за изведување на главните работи.Очекуваме почетокот на работите да биде во март или најдоцна во април 2014 година.Со тоа конечно изградбата на најдолго најавуваниот проект кој е неопходен за функционирањето на Охрид ќе стартува. Тоа е  нешто што ќе ги ангажира и младите и постарите рекреативци да бидат вклучени во возообновувањето на пливачките спортови како носечки спортови кои го красеа Охрид во минатото. НА ОХРИД МУ ФАЛАТ ИНДУСТРИСКИ КАПАЦИТЕТИ ФАКТОР Што е се покриениот градски пазар, катната гаража и автобуската станица? Бакрачески Што се однесува до покриен зелен пазар веројатно целиот проект ќе се изведува по пат на Јавно приватно партнерство. За таа цел урбанистичката планска документација е изработена, а Јавното претпријатие Градски пазар објави тендер за изработка на физибилити студија. Избран е најповолен понудувач и тој веќе на големо работи на завршување на студијата. После нејзиното добивање доколку се покаже дека е изводливо, постапката оди на совет кој мора да ја прифати и веднаш после тоа се оди на изработка на тендерска спецификација која ќе оди по принципот на Јавно приватно партнерство. Очекуваме целата постапка да заврши околу април и веднаш после тоа во зависност од договорот кој би го потпишале со приватниот партнер да започнат градежните работи. Покриениот зелен пазар во исто време ќе биде и еден мал шопинг центар. Наредниот проект кој го најавуваме е изградба на современа автобуска станица.Тоа е нешто што на Охрид му е потребно одамна и нешто поради кое Охрид е хендикепиран. Ние како главна туристичка дестинација не смееме да си дозволиме гостите кои доаѓаат  првиот впечаток да го имаат на еден неугледно уреден и импровизиран простор.Нашите служби веќе се ангажирани за што побрза реализација на тој проект кој најверојатно повторно ќе го спроведеме по пат на Јавно приватно партнерство.Се надеваме дека и овој проект ќе почне со реализација до пролет идната година. Во план имаме да почнеме и  со реализација за изградба на катна гаража кај градското пазариште во еден современ стил кој би му одговорал на амбиентот кој што го има во тој простор и ќе се овозможи на приватниот инвеститор согласно со законската регулатува во тој дел  на 15% од просторот да изгради деловни простории.Активностите и околу овој проект се во полн ек.Се работи на идејното решение на таа катна гаража која ќе биде современа и модерно дизајнирана. ФАКТОР На Охрид му фалат фабрики и индустриски капацитети.Ја најавувате индустриската зона Мауцкер. Има ли најави од домашни или странски компании кои ќе дојдат во Охрид и ќе инвестираат? Бакрачески Ние имавме многу контакти во изминатиот период со потенцијални инвеститори. Некои од нив сами доаѓаа, некои ние сами ги баравме на наша иницијатива или пак патувавме таму каде што сметаме дека е неопходно за да пројавиме иницијатува за привлекување на странски инвестиции. Она што на странските инвеститори секогаш кога ќе дојдат и ќе покажат интерес за инвестирање во Охрид го бараат од нас е да им го покажеме просторот каде што тие би издигнале некој објект, трговски капацитет или некое мало стопанство како и обезбедување на сите инфраструктурни услови за да почнат со работа.За жал ние таков простор немаме. Од тие причини во изминатите месеци интензивно работиме на обезбедување на услови за изградба на индустриска развојна зона, нејзина парцијализација и веднаш после тоа продажба на тие парцели за да им се овозможи на инвеститорите кои што ќе доаѓаат овде да отпочнат со нивните работи. Сме имале најава од некои компании кои се спремни да инвестираат во Охрид, доколку им се обезбедат услови во индустриска зона или доколку им се обезбедат некои од постоечките, а напуштени стопански капацитети кои во овој момент не функционираат, а кои се уште се во сопственост на Република Македонија. Се надеваме дека после реализацијата на оваа индустриска-развојна зона ќе имаме можност да оствариме две или три инвестиции без разлика дали тоа ќе бидат домашни или странски фирми.Тоа за нас ќе значи да се овозможи еден добар старт во економскиот раст на градот Охрид и да се овозможи креирање на нови работни места за граѓаните на Охрид. КАКО ДО ПОДОБАР ТУРИЗАМ? ФАКТОР Како до подобар туризам во Охрид? Какви мерки преземате во таа насока? Бакрачески Во Охрид никогаш примарна дејност не бил туризмот. Со еден податок кој ние го добивме од Републичкиот завод за статистика и статистиката која ни ја достави Стопанската комора на Македонија ќе ви кажам дека во 1984 година кога туризмот ги бележеше своите најдобри денови тој како гранка бил на 3 место по приходи во општината. Охрид во 1984 година вработувал 21000 работници во индустријата. Индустријата била прва гранка по приходи во општината, на второ место било занаетчиството, а на трето место доаѓа туризмот. Ние се трудиме да внесеме нови содржини и нов начин на работа во делот на туризмот во Охрид и да достигне вредности со кои ќе може да се мери со околните големи туристички дестинациин. Ние правиме голем број чекори со кои сакаме енормно да го зголемиме бројот на туристи кои ќе го посетуваат Охрид. ФАКТОР  На кој начин мислите да го реализирате тоа? Бакрачески Направивиме нова стратегија за развој на туризмот. Вклучивме голем број на научни работници од областа на туризмот. Ги вклучивме туристичките работници, хотелиерите, сопствениците на угостителски објекти во креирање на нова стратегија за развој на туризмот од која се надеваме дека во иднина ќе има и тоа како голем импакт. Преговараме со голем број на субјекти во делот на развој на локалниот авио сообраќај за повторно реактивирање на редовни авио линии од Охридскиот аеродром со кој што сметаме дека ќе дадеме нов поттик во развојот на туризмот и ќе биде база за развој на туризмот во иднина. Многу блиску сме до изнаоѓање на ниско буџетни авио компании кои би летале на регуларна база во текот на целата сезона од Охрид и кон Охрид. Со напори на Владата на Р.М потпишан е и договорот за изградба на автопат од Кичево до Охрид. Сето тоа се мерки кои што за нас како локална самоуправа се од големо значење затоа што водат кон добра основа не само за развој на туризмот туку и за потик на локалниот економски развој. Ние многу брзо ќе имаме разговор со две ниско буџетни авио компании со кои и во изминатиот период бевме во интензивна комуникација и ќе ги финализираме преговорите за конечно отпочнување со летови. Се надевам дека веднаш после Нова Година или на почетокот на 2014 година ќе отпочне реализацијата на редовните авионски летови од и кон Охрид. ПРОЕКТОТ НА РОЈ ЌЕ ЗАВИСИ ОД АРХЕОЛОШКИТЕ ИСПИТУВАЊА И ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА ФАКТОР Точно ли е дека СИТИ МОЛ кој е најголем трговски центар на Балканот сака да гради трговски центар и во Охрид во Индустриската зона Мауцкер.Точни ли се тие информации? Бакрачески Не сме имале ниту разговори ниту сме пак имале таква најава. Но доколку ние во текот на идните неколку недели или месеци добиеме таква најава или доколку се покаже дека е оправдано од економска гледна точка изградбата на еден таков голем трговски центар на таа локација ќе бидеме флексибилни во нашите одлуки и би ја промениле одлуката, локацијата која ние првично ја утврдивме за изградба на индустриска развојна зона би ја префрлиле на друга локација и со тоа би ослободиле место за изградба на еден трговски центар доколку се покаже и економски и урбанистички оправдано. ФАКТОР  Како течат активностите околу Лубаништа.Таму има археолошки истражувања, пронајдени се и значајни откритија.Ќе го попречи ли сето тоа реализацијата на проектот на Субрата Рој? Бакрачески Знаете дека изградбата на локалитеот Лубаништа е во ингеренции на Владата на Македонија и ресорните министерства. Ние секако дека прибираме информации односно имаме обврска да побараме информација за сето она што во моментот се работи на тој проект. Во овој момент она што јас го знам е дека во тек се археолошки истражувања кои што треба да покажат дали на тој локалитет постојат или обратно да исклучат постоење на значајни археолошки наоѓалишта на тој локалитет. Понатака во зависност од тоа претпоставувам дека Владата на Македонија ќе пристапи кон најавуваната проекција за изградба на туристички комплекс на тој локалитет. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст