25 Април, 2024
0.0286

ИНТЕРВЈУ БИЛЈАНА СТАНКОВСКА АРСОВА: Секој може и треба да доживее финансиска слобода преку пазарите на капитал

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Факт е дека цената на чување готови пари (кеш, готовина) станува се поскапо. Од еден аспект, имаме се повисока инфлација која очигледно ќе биде составен дел на новата економска реалност. Второ, доколку чувате пари во банка, немате никаква каматна стапка или имате многу ниски камати. Банките немаат потреба од депозити, бидејќи имаат многу пари. Исто така, доаѓа бран за плаќање лежарина за вашите пари кои ги чувате во банка. Поради ова, следејќи ја новата реалност, ги советуваме и стимулираме да направат одредена активност со парите – или да ги вложат во бизнис или во делови од бизнис, преку акции. Ова во интервју за Фактор го вели Билјана Станковска Арсова, управител на Капитал Финансиски Центар (КФЦ)

Граѓаните се повеќе се „заробуваат“ во стегите на немаштијата, на инфлацијата, на падот на вредноста на материјалното. Наспроти ова, Вие се залагате за финансиска слобода. Може ли да објасните што, всушност, значи финансиска слобода?

Финансиската слобода претставува состојба кога немате обврска да работите и да заработувате од вашиот работен ангажман, a притоа на вашата сметка редовно добивате приходи кои ги задоволуваат вашите животни потреби и желби. Значи треба да создадете систем кој ќе продуцира доволно пари со кои ќе живеете. Односно, во вашиот работен век треба да направите план за управување со личните финансии за да создадете повеќе вистински капитал, кој во иднина ќе овозможи да ја живеете финансиската слобода.

Што треба да се направи за секој да доживее ваква финансиска слобода за која говорите?

Многу едноставно… Секој поединец кој сака да ја доживее финансиската слобода треба во текот на работниот век да се потруди, дисциплинирано на месечно или на годишно ниво, да штеди барем 10-15% од приходите. Исто така, освен што ќе ги заштеди, потребно е, преку носење мудри одлуки, да ги оплоди. Многу луѓе знаат да штедат, затоа што нашиот систем на создавање вредности нѐ учи да штедиме. Но, факт е дека многу луѓе не знаат да ги оплодат парите кои ги заштедиле или заработиле. Токму поради ова, постоиме ние како експерти кои им помагаме да ја доживеат финансиската слобода и да го живеат посакуваниот и заслужениот живот.

Вие сте одговорно лице во Капитал Финансиски Центар, друштво кое го основавте неодамна. Во јавноста Ве опишуваат како „советник за лични финансии“. Зошто ваков термин?

Идејата за основање друштво за финансиско советување и едукација, лично кај мене, тлееше со години. Повеќе од 15 години работам во финансискиот сектор и во текот на годините разговарав со голем број граѓани кои немаат информации и познавања за голем дел од финансиските продукти достапни на нашиот пазар. Капитал Финансиски Центар го основавме за да ја зголемиме финансиската писменост на граѓаните и да им помогнеме поуспешно да управуваатсо личните финансии. Нашите едукативни настани, кои ги организираме во живо или на дигитални платформи,се прилагодени на различни возрасни групи и профили и се достапни за сите граѓани кои сакаат дел од своето време да го посветат за да научат повеќе за акции, обврзници, инвестициски фондови, пензиски фондови… Ние го споделуваме нашето знаење бесплатно, затоа што веруваме дека само на тој начин, преку споделување, ќе доживееме благодет како поединци, но и како општество.

Во земјава има луѓе кои имаат слободни пари кои ги заработиле, но немаат доволно информации како да ги управуваат и дополнително да ги оплодуваат. Цената на чување на парите е се поскапа. Како им помагате на овие лица?

Во земјава има луѓе кои поседуваат стабилен бизнис и кој им генерира пари. Значи, на самиот бизнис не му се потребни нови и свежи пари, т.е.бизнисот генерира вишок. Тие луѓе знаат да прават пари во својот бизнис, но бидејќи во даден момент немаат потреба од дополнително вложување, парите треба да ги ставаат во функција да им продуцираат добивки и дивиденди надвор од постоечкиот бизнис. Или да го диверзифицираат имотот, вложувајќи ги парите во акции од стабилни компании.

Факт е дека цената на чување готови пари (кеш, готовина) станува се поскапо. Од еден аспект, имаме се повисока инфлација која очигледно ќе биде составен дел на новата економска реалност. Второ, доколку чувате пари во банка, немате никаква каматна стапка или имате многу ниски камати. Банките немаат потреба од депозити, бидејќи имаат многу пари. Исто така, доаѓа бран за плаќање лежарина за вашите пари кои ги чувате во банка. Поради ова, следејќи ја новата реалност, ги советуваме и стимулираме да направат одредена активност со парите – или да ги вложат во бизнис или во делови од бизнис, преку акции. Парите ја губат куповната моќ и треба долгорочните и среднорочните пари да се пласираат во имоти - акции кои што ја следат и победуваат инфлацијата, носат високи дивиденди и добивки.

Говорите за неопипливи категории – за акции, оплодување? Може ли, пластично, да ни објасните што значи акција и како ја дефинираме нејзината вредност?

Терминот „опипливост на акции“претставува реално учество во сопственост на разни компании. Со поседување акции од една компанија, станувате сопственик на дел од таа компанија. Тоа значи дека имате право на дел од добивката што ја остварува компанијата, право на дивиденда, а го преземате и ризикот доколку компанијата нема позитивни резултати. Ние сме први генерации кои имаме можност да вложуваме во акции, бидејќи во претходниот, социјалистички систем таква можност немаше...

За да се направи правилен избор на тоа од кои компании ќе купите акции, по која пазарна цена, кога ќе ги продадете, треба да направите сериозни финансиски анализи за фундаменталните вредности на компаниите. За таа цел, прво треба, не само да читате, туку и да толкувате финансиски извештаи за што е потребно да се одвои многу време и постојано да сте во тек со следење нови информации за работењето на компаниите. Изборот на акции е комплициран процес. Затоа во светот на финансиите постојат експерти, портфолио менаџери, чијашто работа е да прават фундаментални и технички анализи на компаниите и врз основа на анализите, да ги вложат парите на инвеститорите во акции на квалитетни компании.

Каде луѓето може да се едуцираат и да станат финансиски писмени?

Неодамна, во едно истражување спроведено во Хрватска на повозрасна популација на прашањето „кој предмет е предметот кој Ви недостасува во вашето образование и областа на која требало да се посвети повеќе внимание“, доминантен одговор бил дека тоа се предмети во врска со работа со финансии. Во формалното образование многу малку или речиси воопшто не се учат предмети од областа на личните финансии и затоа, единствена опција е неформалното образование, посета на семинари и обуки од областа на личните финансии.

Во Капитал Финансиски Центар се ангажирани експерти со положени стручни испити од областа на работа со хартии од вредност, инвестициското советување, осигурувањето, пензиските фондови и со присуство на нашите обуки, граѓаните се стекнуваат со знаења и вештини за мудро управување со личните финансии. Таа едукација помага да станат финансиски посигурни и да направат повеќе капитал, користејќи ги можностите кои ги дава пазарот на капитал.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди