24 Април, 2024
0.0368

Интервју Дарко Костадинов: Недвижностите никогаш не излегуваат од мода

Објавено во: Мои пари 14 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Пазарот на недвижности е секогаш активен и атрактивен за следење и анализа, бидејќи независно од моменталните состојби, побарувачката е присутна во помала или поголема мера. На оваа тема, како и за актуелните трендови зборува Дарко Костадинов, брокер за недвижности во Century 21 - компанијата која е позната како глобален лидер во светот на недвижностите.

1. Каква е моменталната состојба на пазарот за недвижности во однос на понудата и побарувачката? Како влијае трендот на ценовниот пад на оваа состојба?

Пазарот на недвижности континуирано се менува во согласност со променливите потреби на корисниците. Имено, побарувачката е составена од потребите и желбите во согласност со можностите на новите сопственици или закупци, а понудата би требало да кореспондира преку постоечкиот и новиот, во изградба станбен или деловен простор. Одлуката за нов или пак промена на постоечкиот дом и работен простор зависи од довербата во општеството за долгорочно планирање. Односно, кога се соочуваме со мала побарувачка, бараните цени за станбен или деловен простор може да се намалат, но купувачите мора да бидат претпазливи во однос на дополнителни трошоци за ставање во употреба на новиот простор. Поточно, треба да внимаваат на тоа дали новиот простор е опремен со под, санитарија и останати сегменти кои доведуваат до статистички пад на цената, но дополнителниот буџет за комплетирање на просторот суштински ја зголемува цената по метар квадратен. 

2. Како директно вклучен во бизнисот со недвижности, колку сметате дека е паметно да се инвестира во недвижности овој период? 

Недвижностите никогаш не излегуваат од мода, тие секогаш ќе останат високо на листата на најсигурни инвестиции. Поседувањето на недвижност дава егистенцијална сигурност како трајно решение за станбен или деловен простор. Сепак, многу е важно потенцијалниот инвеститор да ги има дефинирано сопствените очекувања врз основа на сегашните и идните можности како би ја донел најсоодветната одлука за типот на недвижност како вистинска инвестиција. 

3. Имате долго работно искуство во оваа област, кои карактеристики на една недвижност (станбен или деловен простор) се клучни за клиентот да се одлучи да го купи или закупи?

Секој имот е уникатен сам по себе. Карактеристиките се различни па дури и да земеме за пример два идентични стана на два различни спрата. Потенцијалот на самиот имот се дефинира согласно локацијата и моменталната состојба на истиот, како и моменталната состојба на заедничките простории, или пак пристапот до самиот имот. Сепак, за мене локацијата го дефинира потенцијалот, ако можеме да го дефинираме развојот на градот. За останатите сегменти можеме да дејствуваме самостојно или пак колективно како би го довеле нашиот имот во употреба за сопствени потреби или пак како средство кое ќе генерира приход. 

4. Дали центарот на градот останува најатрактивна локација за купување и изнајмување недвижности?

Центарот на Скопје станува сè потежок за семејно живеење. Постоечката понуда кореспондира со потребите за колективно домување, но ова значи дека многу често е неадекватна за реадаптација на просторот, за пренамена на истиот во деловен. Од друга страна пак, состојбата на понудата за деловен простор не кореспондира со стандардите на денешницата што директно влијае врз реализација на побарувачката. Односно, идниот развој на постоечката и идната понуда во центарот на градот се смета за предизвик на секој професионалец вклучен во прометот со недвижности, а со цел да се одржи континуитетот во креирање побарувачка со тенденција за намалување на слободниот простор и истовремено да се обезбеди раст на цените.  

5. Како специјализиран во оваа област, кој е Вашиот совет кој ќе им помогне на оние кои се во потрага на својот нов дом? 

Потенцијалните купувачи треба да се обратат за помош кај професионален тим со директен пристап во прометот со недвижности од причина што нивните можности не секогаш ги дефинираат потребите или пак желбите кои треба да кореспондираат со идниот потенцијал на предметната недвижност. Инвестирањето во недвижности не треба да се смета како одлука за моментално решение, туку да ги дефинира идните опции за адекватна употреба на недвижноста долгорочно, но не и безвременски.

6. Century 21 е компанија која е позната низ светот по исклучителната грижа за клиентите. Кои се предностите од ангажирање на ваш агент/брокер за недвижности наспроти самостојната понуда или потрага по идеална недвижност?

Нашата предност е посветеноста на градење компетентност при дефинирање на потребите и желбите на клиентите за да го најдеме вистинското решение кое ќе биде во рамките на нивните можности. Ние делуваме советодавно како би го поедноставиле процесот при купопродажба или закуп. Се залагаме првенствено за градење доверба кај нашите сегашни и идни клиенти преку директен контакт и посветено време за постигнување на заедничките цели. Ние сме најдобри кога клиентот нѝ овозможува пристап за запознавање за да можеме да изградиме партнерски однос за дефинирање и реализација на заедничките цели. 

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка