28 Март, 2024
0.0518

Круме Јанкоски, Директор на ИТД Дистрибуција

Интервју Јанкоски: Најбарани се компјутери од високите класи, Македонците знаат да препознаат квалитет

Објавено во: Економија 20 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Светските трендови укажуваат на мал пад на севкупната продажба на десктоп и лаптоп компјутери, особено кај индивидуалните корисници кои се повеќе се заинтересирани за големи смартфони, но пазарот е цикличен, односно секогаш успева да надомести со оглед на потребата за обнова на компјутерскиот хардвер по неколку години за да се држи темпо со најновите трандови. Затоа и било кој корисник во Македонија како и било која компанија мора да биде во чекор со времето и да планира надградба или навремена набавка на компјутери и опрема за професионални цели. За повеќе детали за актуелната состојба разговараме токму со Круме Јанкоски, директор на ИТД Дистрибуција, компанија која се занимава со дистрибуција на ИКТ производи и решенија (сервери, уреди за складирање на податоци и софтвер, мрежна опрема, десктоп и персонални компјутери, копјутерски компоненти, аксесоари за компјутери, принтери и др.) и дистрибуција на хартија и графички производи.

Како моментално ја оценувате индустријата на компјутери и технологија во Македонија споредбено со изминатите години?

Јанкоски: Анализирано од 2015та година па наваму, продажбата на компјутери на глобално и регионално ниво од година во година бележи благ пад, тренд кој е спротивен од  растот на пазарот на мобилни телефони/уреди. Ова се однесува на делот производи за крајни купувачи-физички лица, додека во бизнис секторот има очекуван природен раст. Ова движење е антиципирано и својствено согласно трансформацијата на потребите и навиките на современите корисници во чии преференции се повеќе доминираат мобилни уреди како резултат на новите стилови на работа и живот. Пазарот на компјутери во Македонија не отскокнува од овој глобален тренд. Меѓутоа, анализирајќи го работењето на ИТД Дистрибуција, добиваме една поинаква слика, бидејќи и покрај глобалниот пад ние бележиме континуиран раст. Оваа појава согласно интерните анализи е резултат на градењето и одржувањето на силна релација со нашите бизнис партнери како и  добавувачите (Dell, HP, IBM, Lenovo….)

Која индустриска гранка е најголем потрошувач на компјутери во Македонија?

Јанкоски: Согласно анализите, телеком оператори, банките и производствените компании кои имплементираат високи стандарди во работењето се компании кои имаат најголема потреба да инвестираат во новите технологии.  Водени од потребите за квалитет, безбедност и конкурентносттие се и најголемите инвеститори во нови технологии.  

Како ИТД Дистрибуција бележи раст  во година на регресија во продажбата на компјутерската индустријата?

Јанкоски: Најсилен капитал на ИТД Дистрибуција е партнерската мрежа во која активно вложуваме повеќе од една деценија. Оттука, нивниот успех е и наш успех. Доследното практикување на оваа win – win стратегија се покажа како формула за долгорочен и одржлив успех и токму со тој пристап ќе продолжиме и во идина. 2017та беше година на предизвици, но нашиот раст не изостана и поради посвестеност на менаџментот, инвестиција во развојот на вработените, силна корпоративна култура, финансиска дисциплина ....

Како се справувате со сивиот увоз на комјутери?

Јанкоски: Ова прашање постои подолго време, засега повеќе страни и е доста комплексно. Да појасниме малку: Добавувачот(вендорот)  дава авторизација  на одредена компанија од еден регион да увезува производи од неговото портфолио, сите други не авторизирани компании кој ги увезуваат истите тие произвоиди од разлицни региони, овој начин на увоз го нарекуваме сив увоз.Ова сериозно влијае на компаните- дистрибутери кои се изложени на увоз и извоз. Пред се треба да се пронајдат причините зошто одредени компании имаат потреба од сив увоз, а одговорот на тие прашања треба да е појдовна точка за решавање на оваа појава која ги мачи дистрибутерите и вендорите.. За жал сеуште постои сивиот увоз, но ние сме оптимисти и веруваме дека преку подршката од  вендорите и со взаемна соработка  со нашите партнери тој процент ќе се намали.

Кои модели на DELL се најбарани на македонскиот пазар и како го поврзувате овој податок со економските и социјалните текови?

Јанкоски: На глобалниот пазар DELL претставува премиум бренд и како таков е позиционирани на македонскиот пазар. Една од посилните страни на овој бренд е квалитетот на изработка и неговата истрајност, а 3 годишната гаранција само го докажува тоа и ја зголемува довербата кај корисниците.

Корисниците во Македонија се многу добро информирани и лесно можат да препознаат квалитетен производ, па оттука најбарани се средната и високата класа на компјутери/лаптопи.

Какви ви се предвидувањата за индустриските трендови во 2018та година?

Јанкоски: Ние имаме оптимистички планови и веруваме во прогресивна година. Со стабилната релација меѓу нас и нашите партнери и иновативниот пристап на нашите вендори,оваа година ќе понудиме нови линии на производи. Производи кои уште повеќе ќе се доближат на потребите на нашите корисници. Сето ова ни влева оптимизам за 2018 год.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат