25 Април, 2024
0.0279

Кирил Лазаров, претседател на Македонско - бугарска Стопанска комора

Интервју Лазаров: Пропуштивме многу, економските односи со Бугарија треба да се приоритет

Објавено во: Економија 14 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Стопанството е изморено од избори, а странските инвеститори барем оние со кои јас комуницирам е дека во нашата држава многу често има предвремени избори, вели Кирил Лазаров, претседател на македонско – бугарската стопанска комора. Тврди дека тоа е лош сигнал за бизнис заедницата бидејќи таа очекува стабилност и предвидливост на среден и долг рок. Лазаров вели дека има доста простор за продлабочување на економската соработка со Бугарија.

Како изборите влијаат на стопанството?

Лазаров: Она што е важно и клучно е дека она што Владата ќе го вети или партиите што го пласираат во своите политички програми, ние како стопанственици тоа го анализираме и врз база на тие ветувања и политики ние ја кроиме нашата стратегија и чекори. Затоа е важно тоа што ќе се вети, тоа и да се реализира во најголем дел. И да не се прекинува со чести изборни циклуси. Затоа што не постои сериозен инвеститор кој ќе сака да инвестира во политичко нестабилно подрачје. А најважен момент би бил политиката воопшто да не се меша во бизнис заедницата, туку политиката да биде наш стратешки партнер. Ако се изгради таква врска, тогаш довербата во инвеститорите ќе биде на ниво во кое нема да биде важно кој ќе биде на власт. Секако дека ние како комора имаме разбирање за политичките програми, секако дека сугерираме и идни економски политики во делот на даночната и финансиската политика, и ние точно знаеме кои се статистичките показатели и знаеме што е нереално ветување. Затоа често замолуваме да се креираат политики на здрава економска логика и во партнерство со нас.

Какви се економските односи со Бугарија, постои ли можност да се зголеми економската соработка и инвестициите во иднина?

Лазаров: Многу е важно економските односи да се темелат на взаемна доверба, разбирање и комуникација. Таа атмосфера секако зависи и се гради низ призма на затворени политички, историски и било какви други прашања. Тоа е сигналот кој инвиститорите го очекуваат на крајот на денот. Никогаш никој не би инвестирал ако има и само малку атмосфера на блокади, конфликти, корупција и слично. Она што треба да се направи во стратегиска смисла на зборот е да се најде начин како овие прашања да се затворат. За жал можам да констатирам дека пропуштивме еден значаен период на економска соработка со Бугарија. До сега има многу ниско ниво до сега на инвестиции во инфраструктурата која не поврзува со Бугарија. Од наша перспектива тоа е навистина штета, Бугарија има силни пристаништа и конеции по морски пат со Русија, Турција и други земји од ЕУ заради стратегиското значење на Црното море и тоа би било фантастично ако може преку Солун или Драч да се пласираат големи контингенти на стоки, услуги и производи. Тоа е иднината, некои држави илјадници километри се оддалечени од така наречените стратешки економски коридори и вложуваат милијарди и милјарди во инфраструктура да се приклучат, а ние одалечени стотици километри едни од други не успеавме да се поврземе.  И тоа е вака еден сигнал до инвеститорите дека тука не може да се врти крупен капитал.

Што треба да направат Владите и државите за поголемо економско и инфраструктурно поврзување?

Лазаров: Тука сакам да апострофирам еден важен момент. Веднаш штом станавме земја членка на НАТО и ги потпишавме како држава договорите за добрососедство со Грција и Бугарија, инвеститорите и во регионот и во светот почнаа да ја мултиплицираат комуникацијата со нас како Стопанска комора. Она што охрабрува е што последниве неколку години евидентно се инвестира во инфраструктура и експресно и железничко поврзување со Бугарија. Инфраструктурно поврзување со Бугарија дали преку железнички коридор или автопатен или експресен не е поврзување само со Бугарија, тогаш стратешки и многу брзо се поврзуваш со Црното море и сите држави кои гравитираат околу Црно море, но и со Турција, Русија но, така ја поврзуваш и Албанија, Косово, Црна гора, па и делови од Грција со Македонија, бидејќи тие само преку Македонија можат да стигнат брзо и ефикасно ако се има соодветна инфраструктурата.Тоа за нас значи многу пари, капитал и движење. Тука сакам и да ја пласирам можноста за енергетско поврзување на регионот со постоечките гасоводи и нафтоводи со Бугарија, ресурси кои доста ќе пратат сигнали кон сериозни играчи во бизнисот низ светот ако имаат достапност до ефтина и чиста енергија.

Конкретно во бројки каква е економската соработка со Бугарија?

Лазаров: Економските релации се неисцрпени можности и шанси за нашите компании. Согласно официјалните податоци објавени од Државниот завод за статистика, обемот на трговската размена со Република Бугарија во првиот квартал за 2020 година бележи раст во износ од 108,4 отсто со истиот период лани. Вкупниот обем на трговска размена е 9 милијарди и 785 илјади денари, додека за истиот период лани бил 9.024.882 денари, а извозот бележи раст од 102,8 отсто споредбено со првиот квартал од 2019 година, а увозот бележи раст од 113,3 проценти споредбено со истиот период лани. И еден мошне важен податок во однос на корона кризата, најмал пад имаме во трговијата со Бугарија во овие месеци. Затоа е важно да се создава доверба и взаемна соработка на секое поле, бидејќи на бизнисот само тоа му е важно. Очекувам во периодот што следи една сериозна композиција на инвестиции од пријателска Бугарија која ќе даде сериозен инпут во растот на вработувањето и на растот на бруто домашниот производ.

Извор Пулс 24

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?