29 Март, 2024
0.0254

Интервју Марјан Митровски: MAYA е позиционирана како премиум вода на пазарот

Објавено во: Мои пари 06 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Водата MAYA пред три години првпат се појави на македонскиот пазар и го привлече вниманието на домашните потрошувачи, но за брзо време стана и препознатлив извозен производ на неколку различни пазари во Европа и на Блискиот Исток. За тоа што ја прави оваа вода препознатлива и интересна за потрошувачите, но и за маркетинг-стратегијата со која тимот на MAYA успеа да го промовира брендот на различните пазари разговаравме со Марјан Митровски, маркетинг-менаџер во компанијата „МЛ-Гари“, која ја полни и пакува водата MAYA.


На новите брендови кога ќе се појават на пазарот генерално им треба подолг временски период додека се пробијат до потрошувачите. Каква беше ситуацијата со водата MAYA која пред три години се појави на домашниот пазар како комплетно нов бренд? Што покажаа првичните продажни резултати?  

- Како и секој производ кој се појавува накој било пазар, потребното време за пробивање на него (долго или кратко) зависи и од тоа колку се инвестира во неговото етаблирање со помош на маркетинг-алатки. Ние брендот MAYA во почетокот на неговото лансирање го претставивме пред потрошувачите како бренд кој има што да понуди и треба да се проба и резултатите секако беа уште попозитивни отколку што очекувавме.

Како е позиционирана MAYA во моментов на домашниот пазар со оглед на тоа што на него може да се најдат голем број домашни брендови вода, но и многу етаблирани брендови од регионот?

МAYA со сите нејзини атрибути во составот на водата и репроматеријалите што се користат заслужи да биде позиционирана како премиум вода т.е. според односот цена/квалитет (најдобра цена за вода со врвен квалитет), поставена е најгоре од домашните брендови и е во линија со увозните брендови.

Освен во земјава, MAYA може да се најде на пазарите во регионот и на Блискиот Исток. Како се носи оваа вода со огромната конкуренција на пазарите во светот каде што треба да се „бори“ со светски познати брендови?

- Регионот од каде потекнува, инвестициите кои се случија, како и добриот глас кој надалеку се слуша, дозволија МАYA даможе да им биде конкуренција и на светските познати брендови, што најдобро се докажува со поставеноста на водата во маркетите и хорека ширум светот. Како пример ќе го земам Бахреин, каде во линија на истата полица можете да ги забележите „Евиан“, „Maya“, „Волвик“, „Аква пана“.

Што е клучно за да се биде препознатлив бренд вода на домашниот, но и на светските пазари?

- Клучно е секако квалитетот на самата вода, големи инвестиции во маркетинг и добар бизнис план. Ако сѐ ова се искомбинира правилно, успехот ќе ве стигне.

Брендот MAYA редовно може да се види како поддршка на различни урбани и општествено-значајни настани. Колку овој сегмент е значаен за потрошувачите и врз нивната перцепција за одреден бренд?

- Премногу значаен на долг рок. Градењето на имиџ и препознатливост во општеството бара континуирано паметно инвестирање и е неблагодарно во однос на тоа колку брзо може да се изгуби ако не си присутен.


Фабриката MAYA уште од самиот старте опремена со најсовремена технологија за производство и пакување на вода во светот, по најсовремени стандарди. Планирате ли наскоро да ги проширите капацитетите и да воведете нови производни линии?

- Што се однесува на прашањето во делот на иновациите можам само да споделам дека работиме и брејнстормираме освежување на брендот, дизајни за нови вкусови, дизајни на нови производи, измени во постоечките, но секако не би откривал кога би било тоа и дали ќе биде наскоро. Не би ѝ дал таков лукусз од информација на конкуренцијатa (се смее).

Кон што се насочени Вашите идни бизнис планови и кои ќе бидат најголемите предизвици со кои ќе треба да се справите во наредниот период?

- Нашите идни планови се секако оптимистички во делот за извозот кој ни е најголем предизвик во наредните години, надополнувајќи го со проширување на портфолиото што е незибежен дел за раст на компанијата.

Можеби ќе ве интересира

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV