20 Септември, 2021
0.0241

Интервју со Милан Самеш, извршен директор на Групацијата Арикома

Интервју Милан Самеш, Арикома: Сакаме да играме во првата лига на ИТ индустријата - одиме кон берза

Објавено во: Економија 23 Јули, 2021

Групацијата Арикома купува неколку компании годишно и во моментот е најголемиот ИТ холдинг во поранешна Чехословачка. Кон крајот на минатата година, најголемата македонска компанија за развој на софтвер, Сеавус, стана дел од Групацијата Арикома.

Во ова интервју, Милан Самеш, извршниот директор на Арикома, зборува за бизнис плановите, како и идните аквизиции дома во Чешка, но и во Европа: „Веројатно ќе завршиме една таква аквизиција до крајот на годината. Аквизицијата во Чешка треба да нè чини стотици милиони (чешки круни) вкупно“, вели Милан Самеш.

Арикома моментално е дел од Групацијата KKCG, основана и предводена од успешниот чешки претприемач, Карел Комарек.

Вашата подружница Autocont, неодамна доби еден од најголемите тековни европски договори за ИТ. Се претпоставува дека ќе ги испорачува и ќе управува со центрите за податоци за ЕУ институциите во следните четири години, за неколку милијарди чешки круни. Дали бројот на слични, големи договори ќе се зголеми?

Самеш: Основавме подружница на Autocont во Белгија, каде градиме меѓународен тим. Засега имаме десет вработени, но оваа бројка ќе расте брзо, и сакаме да започнеме со користење на канцеларијата за постепено проширување на деловните активности во Западна Европа. Веруваме дека новостекнатиот договор е доволен знак да започнат да нè сфаќаат сериозно на тој пазар. Дефинитивно сме подготвени за слични, големи договори.

Дали оваа подружница ќе се фокусира само на јавниот сектор?

Самеш: На почеток да, а во иднина ќе се фокусираме на приватниот сектор.

Колку вработени планирате да имате во Брисел, во последната фаза?

Самеш: Во моментов, не сме загрижени за последната фаза. Можам да кажам дека очекуваме десетици работници да учествуваат во сегментот на испорака на ИТ инфраструктура за ЕУ ​​и други меѓународни институции во Белгија, а исто така и во Чешка. Како и да е, потребно е да се погледне западната експанзија од гледна точка на целата Арикома, која сакаме да ја растеме и неоргански. Тоа може да значи аквизиции на фирми со десетици до стотици работници. Но, предизвик е да се најдат такви фирми.

Autocont стигна до краткиот список на Европскиот комитет за ИТ тендери веќе пред три години. Дали е ова првиот договор што го имате?

Самеш: Прво, важно е да се каже дека заедно со другите четири фирми, само го стекнавме правото да се стремиме кон овој пакет договори. Истиот содржи тендери од околу 16 милијарди чешки круни вкупно. Оттогаш, добивме неколку помали, но во вкупна вредност од стотици милиони.

Кога веќе започнавме со дискусијата за јавните тендери, како се одвиваат тие во Чешка? Скоро секоја фирма од секторот или се жали или се воздржува од коментар за нив.

Самеш: Чешка навистина остана незаинтересирана за дигиталната трансформација. Пред приближно десет години застанавме. Оттогаш, едвај се придвиживме. Држави како Литванија, Летонија и Естонија драматично нѐ надминуваат. Амбицијата на Арикома е да го смени тоа, Чешка да стане пример на државната дигитализација, барем во Централна Европа.

Каде е проблемот?

Самеш: Убеден сум дека не е важно кој управува со државата. Не станува збор за тоа. Тоа е мешавина од различни предизвици. На пример, од културолошка гледна точка, погрешно е што луѓето генерално ги доживуваат информатичките технологии и дигитализацијата како „споредна работа“. Ова мислење се смени за бизнисите - благодарение на конкуренцијата, дигитализацијата стана дел од нивната комерцијална понуда и деловна стратегија. Со други зборови, менаџерот повеќе не може да го оддели бизнисот од дигитализацијата и да има двајца вработени во ИТ, тоа е камено доба. Денес, дигиталните технологии мора да бидат природен дел од деловната култура на фирмата. Истата промена во размислувањето треба да се случи и кај државите. Сепак, тоа не се случува.

 Што треба државата да подобри?

Самеш: Вистинскиот чекор е, на пример, законот донесен минатата година за правото на дигитални услуги. Но, тоа е де факто само декларација. Тоа значи дека на државата и претстои уште долг пат. Целта треба да биде да им се овозможи на граѓаните пристап до дигитална услуга, секој пат кога за тоа ќе имаат потреба. Колку побрзо ова стане реалност, толку подобро.

Речиси е правило, фирмите кои го добиле тендерот не управуваат со него 100%, и во такви услови нивните дигитални услуги доживуваат, во најмала рака, проблеми при лансирањето. Дали е ова вообичаено и во странство?

Самеш: Тука е потребно да се прави разлика. Би било одлично кога сè би функционирало веднаш, но ако комплетен и комплексен дигитален сервис доживее одреден неуспех во првите неколку часа, не би го сметал  за трагедија. Проблемот настанува кога серверите продолжуваат да не успеваат на долг рок или нешто „ќе изгори“. Кога квалитетот, капацитетот и безбедноста се потценуваат. Тоа е погрешно и повторно е поврзано со нашата култура.Некои организираат настани во кои ги покажуваат е-продавниците што ги граделе за време на викенд и како државата е неспособна, затоа што не може да го стори истото дури ни за половина година. Во реалноста, се чини дека ваквите настани не доведуваат до никакво квалитетно решение. Кога станува збор за државите, изградената инфраструктура за информации мора да биде промислена, доволно робусна и главно безбедна.

Autocont веќе доби неколку големи јавни тендери, вашата новостекната компанија Komix, исто така е специјализирана за нив. Колку е важен јавниот сектор во споредба со приватниот во однос на продажбата?

Самеш: За нас, јавниот сектор претставува малцинство на продажба, но тоа не значи дека е неважно. Напротив. Дигиталната трансформација на јавниот сектор во Чешка и Европа е апсолутна потреба и сигурно ќе донесе повеќе можности.

Споменавте планови за аквизиција во странство. Дали веќе нешто се чека да се потпише?

Самеш: Сигурно. Но, сега не сум во можност да кажам кога и што прво ќе купиме.

Можете ли барем да ја опишете вашата стратегија?

Самеш: Нашата цел беше да станеме најдобриот давател на ИТ услуги во поранешна Чехословачка. Тоа веќе го постигнавме во однос на продажбата и профитот. Затоа не планираме големи аквизиции во овој сектор. Повеќе сакаме да купиме средни до мали фирми со стотици вработени кои се вклопуваат во нашата приказна за да можеме да понудиме комплетно портфолио на услуги. Тоа се, на пример, области како Business Intelligence (BI) (анализа на деловни податоци) или CRM (систем за односи со клиенти) и други. Веројатно ќе завршиме една ваква аквизиција до крајот на оваа година.

А во други држави?

Самеш: Има и некои тековни аквизиции, но тешко е да се предвиди потпишувањето на договорот. Претпоставувам најдоцна следното лето. Сепак, нашата стратегија во странство се разликува од стратегијата што се користи на домашниот пазар. Би било наивно да помислиме дека еден ден ќе бидеме лидер таму. Секако, има три сектори со кои сакаме да играме во првата лига. Прво, тоа е развој на софтверски единици (CAD - развој на сопствени апликации), компјутерска безбедност и Cloud решенија за фирмите. Во рок од пет години, би сакале да оствариме профит од приближно сто милиони евра, а поголемата половина да дојде од странство.

Можете ли да наведете неколку примери за тоа што треба да сфатиме под поимот „сложени софтверски единици“, на пример од гледна точка на вработен, клиент или раководство?

Самеш: Кога спроведуваме голем развој на софтвер, ние обично соработуваме со поголеми комерцијални теми, како што се банки, телекомуникациски фирми или индустриски бизниси. На банките, можеме, на пример, да им доставиме клучен систем преку кој функционира интернет банкарството. На ист начин, клиентите ќе го користат нашиот систем кога плаќаат со картичка или кога доставуваат електронски барања до банката.

 Колку издвоивте за аквизиции?

Самеш: Не размислуваме на тој начин. Јас би рекол дека нашиот пристап е по-опортунистички - во позитивна смисла на зборот - и ние бараме што најдобро одговара на нашата група. Не брзаме со аквизициите. Имаме време.

Дали е можно да се каже колку чинат ИТ фирмите пропорционално на оперативната добивка (EBITDA)?

Самеш: Општо земено, продуктно ориентираните фирми се најскапи во оваа област. Во просек, нивната цена достигнува високи цифри (EBITDA), понекогаш е десет пати повисока или дури повеќе. ИТ фирмите кои нудат сервиси за кои сме заинтересирани, обично чинат од пет до осум пати повеќе од EBITDA. Се разбира, не може да се смета како паушална стапка - може да има флуктуации и нагоре и надолу.

Долго зборувавте дека сте најголемиот ИТ холдинг во поранешна Чехословачка. Кој е поголем во Централна Европа?

Самеш: Не размислуваме за тоа на овој начин, не се занимаваме со тоа, ниту ја анализираме нашата конкуренција. Веројатно има таков, но не сум сигурен кој. Најверојатно станува збор за некој од Полска, како компанијата Asseco. Но, не ги знам прецизните бројки.

Какви резултати имаше Арикома минатата година?

Самеш: Имаме веројатно 8,5 милијарди круни консолидирана продажба и приближно 900 милијарди круни профит (EBITDA). Ако ги оставиме настрана аквизициите, тогаш органскиот раст на профитот од година на година беше приближно 10%. Ние би сакале да продолжиме со истата стапка и оваа година.

Споменавте дека развојот на софтвер (CAD) и сајбер безбедноста би требало да играат поголема улога за вас. Колку тие придонесоа за вкупната продажба за минатата година?

Самеш: CAD сочинува приближно 30 отсто кога станува збор за продажба, со навистина брз раст. Столбот на сајбер безбедноста, исто така, расте, но и покрај тоа, тој е значително помалку профитабилен, околу 500 милиони круни. Остатокот од прометот се состои од инфраструктура. На пример, центри за податоци и Cloud решенија, но, исто така и услуги со т.н. развиена инфраструктура.

 Што влијаеше најмногу на резултатите од минатата година?

Самеш: На почетокот на пандемијата, бизнисите купуваа технологии и услуги што им овозможија на работниците да ја користат таканаречената далечинска комуникација. Овој тренд потоа брзо помина, што доведе до зголемување на понудите за комплексна дигитална трансформација на фирмите, кои започнаа да сфаќаат дека веќе не е можно да се одложи овој чекор.

 Арикома денес има три илјади вработени. Кои се вашите планови во оваа област?

Самеш: Сакаме да одржиме годишен раст од процент кој секогаш ќе биде малку повисок од пазарот. Би регрутирале повеќе, но за жал, состојбата на пазарот на трудот не одговара на тоа. Нема каде да се регрутира. Ја разгледуваме цела Европа, главно источно, но ситуацијата не е многу подобра. Веќе имаме повеќе од илјада работници надвор од Чешка. Тоа е повеќе од една третина од сите наши вработени.

Што се однесува до планираното проширување во странство, очекувате дека ќе се зголеми фракцијата на странски работници. Дали е така?

Самеш: Дефинитивно. Сметаме на тоа.

Проблемот со недостаток на работници во ИТ се дискутира веќе подолго време. Која е основната причина?

Самеш:  Делумно е предизвикано од брзата и нагло растечка побарувачка за овие вештини. Низа фирми го решија овој недостаток со, на пример, аутсорсинг на работници од земји како Индија или Кина. Сепак, овој пристап има свои ограничувања. Европските клиенти сакаат работници од иста временска зона и со иста културна припадност.

Не е проблемот во образованието?

Самеш: Само делумно. Верувам дека е голем предизвик да се реагира на таквата брзо-растечка побарувачка. Исто така, потребно е да се истакне дека во споредба со другите земји, Чесите имаат врвен квалитет во оваа област.

Што прави Арикома за да привлече вработени?

Самеш: Најважно е вработениот да работи на проекти што му се значајни и да станува збор за стабилна и добра фирма. Се обидуваме да им го понудиме сето тоа. Но, не сме премногу наклонети кон нешта како на пример воведување четиридневна работна недела. За среќа, имаме повеќе од доволно работа.

Да погледнеме понатаму во иднината. Што може 5G мрежата да направи за вашиот бизнис?

Самеш:  Ќе ја забрза целата комуникација. Нѐ чекаат големи промени во автомобилската индустрија, кои ќе започнат со дигитализација многу брзо. Автомобилите ќе можат да комуницираат едни со други, и за тоа ќе бидат потребни софтверски решенија. Генерално, светот ќе стане меѓусебно поврзан, што е поврзано со неопходен раст на важноста на сајбер безбедноста.

Дали Арикома ќе се стреми кон ИТ договори од областа на 5G мрежите?

Самеш: Тоа е далечно, но најверојатно ќе се стремиме во иднина. Ние, исто така сме заинтересирани за автоматизирана контрола, но дури и таму е рано да се предложи нешто. Како и да е, ќе си дозволам барем да изразам свое мислење: ако зборуваме за возило без волан, тогаш до автономното возење имаме уште неколку децении. Мислам на автомобили што ќе возат целосно автономно од Либерец до Брно преку автопати или регионални патишта. Сè уште има законодавни, социјални и технолошки ограничувања.

Претходно рековте дека Арикома може да ги насочи своите чекори, на среден рок, кон берза. Колку е таа одлука далечна, а и веројатна?

Самеш:  Арикома е долгорочен проект и едно од најверојатните сценарија е дека во рок од пет или повеќе години ќе целиме кон берза. Веројатно ќе пуштиме дел од нашите акции на некоја реномирана берза на запад, на пример во Њујорк или Лондон. Сепак, тоа е сè што можам да кажам во моментов - тоа сè уште не е реалност. Тоа е повеќе како еден вид визија.

Дали имате доволно пари досега? Размислувате ли за издавање обврзници од Арикома?

Самеш: Во моментов, не. Меѓутоа, ако постоеше јавна претплата на акции, многу е веројатно дека ќе издадеме обврзници однапред. Ние сакаме заедницата на инвеститори да биде блиску до нас и заедно да градиме доверба.

Линк до оригиналното интервју: V zahraničí chceme hrát první ligu v IT. Chystáme se na burzu, říká šéf skupiny Aricoma Milan Sameš | E15.cz


Можеби ќе ве интересира

Работа има, но фалат работници

Работа има, но фалат работници

Два клучни фактори ја креваат цената на нафтата во светот

Два клучни фактори ја креваат цената на нафтата во светот

Заев го искоментира растот на цените и стравот од инфлација

Заев го искоментира растот на цените и стравот од инфлација

„АЛКАЛОИД“ СЛАВИ 85 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ: Нашите брендови се супериорни, рамо до рамо со светските, порача првиот човек на компанијата, Живко Мукаетов

„АЛКАЛОИД“ СЛАВИ 85 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ: Нашите брендови се супериорни, рамо до рамо со светските, порача првиот човек на компанијата, Живко Мукаетов

МАТЕМАТИКИТЕ НА РКЕ ГО ПОЕВТИНИЈА ДИЗЕЛОТ, ПАЃА ЗА ДЕНАР И ПОЛОВИНА - бензините остануваат со исти цени

МАТЕМАТИКИТЕ НА РКЕ ГО ПОЕВТИНИЈА ДИЗЕЛОТ, ПАЃА ЗА ДЕНАР И ПОЛОВИНА - бензините остануваат со исти цени

Кој, среде корона криза, ќе плати 1,3 милиони евра за да купи хотел во Дојран?

Кој, среде корона криза, ќе плати 1,3 милиони евра за да купи хотел во Дојран?

Расправата за законските измени за недела неработен ден денес во второ читање

Расправата за законските измени за недела неработен ден денес во второ читање

Влезот на 5Г мрежата стопиран од Владата, колку и како ќе се наплати еднократниот надоместок од операторот?

Влезот на 5Г мрежата стопиран од Владата, колку и како ќе се наплати еднократниот надоместок од операторот?

СТАНОВИТЕ ОДАТ КАКО АЛВА: Во вториот квартал запишани и над 2.000 хипотеки

СТАНОВИТЕ ОДАТ КАКО АЛВА: Во вториот квартал запишани и над 2.000 хипотеки