26 Април, 2024
0.0291

Интервју Пеџа Јовановиќ: НЛП-Невро Лингвистичкото Програмирање како алатка на современите менаџери

Објавено во: Финансии, Мои пари 18 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

За придобивките од Невро лингвистичкото програмирање како моќна методологија поразговаравме со г-дин Пеџа Јовановиќ - основач на НЛП Центар и сениор партнер во Атриа Гроуп СЕЕ Белград (регионален застапник на програмите на Ериксон колеџ од Канада и НЛП Центар), кои на македонскиот пазар соработуваат со Сенсум тренинг и коучинг центар.

Негова ескпертиза се НЛП, коучинг, ефективна комуникација, развој на лидерство, продажба и презентациски вештини. Тој е NLP Master Trainer (IN NLP), NLP Fellow Member Trainer (IANLP), Master Coach Trainer (ICI), Professional Certified Coach (PCC) – ICF (International Coach Federation) (since 2010), ICF Mentor Coach, PCM Certified Trainer, Persona Global Master Consultant.

Денес оваа методологија станува се популарна и широко применувана во насока на развој на поединците и компаниите. Што е НЛП?

НЛП е методологија која се занимава со препознавање и опис на успешните стратегии. Успешните стратегии можат да се однесуваат на било која животна или деловна област. Малку поконкретно, постојат некои стратегии за кои не сме свесни и кои даваат или не даваат резултати, на пример постојат луѓе кои често знаат да речат: „За зелен бор да се фатам – ќе се исуши.“ – зад ова постојат стратегии за кои не сме свесни, кои ги применуваме на ист начин, постапуваме исто и добиваме исти резултати. Исто така постојат луѓе кои на успешен начин, некој свој начин, креираат добри резултати – добри родители се, добри пријатели, другите луѓе ги сакаат, добри се во комуникација и сите тие работи за нив се сосема природни – зад сето ова постои стратегија и она кое што тие го прават се случува несвесно, не знаат како го прават тоа, но го прават сосема добро. Доколку имаме време да го поминеме со овие луѓе и ги препознаеме нивните стратегии, истите можеме да ги опишеме, а потоа и да ги примениме, пред се на себе, па потоа на други луѓе. НЛП настанал врз основа на проучување на успешни стратегии на врвни психотерапевти и затоа има доминантна примена во комуникацијата. Но, истото може да се случи и доколку како субјекти имаме успешни бизнисмени, говорници, шахисти, математичари или успешни родители. Доколку ги имаме на располагање тие луѓе и го примениме концептот на моделирање, односно на препознавање на нивните несвесни стратегии, а потоа да ги опишеме и пренесеме на други луѓе, ние многу лесно би можеле тие стратегии да ги пренесеме на пошироки кругови на нашето општество. НЛП во својата суштина има една многу силна и корисна работа, а тоа е препознавање на она што е успешно, опишување и потоа пренесување на други луѓе.


Како можеме да ја користиме оваа методологија во животот и во работата?

Примената на НЛП-то може да биде и лесна и комплицирана. Е сега, за оној покомплицираниот начин воглавно е потребно да читаме многу, многу да проучуваме и ништо да не правиме во врска со тоа. Како што знаеме да кажеме, анализа парализа. Изанализирам илјада работи, проучам се што може да се проучи и ништо не правам во врска со тоа. Меѓутоа, примената може да биде и многу едноставна. Без оглед дали станува збор за животот или работата, обидете се секогаш да тргнете од она што сакате да го постигнете, која е таа цел кон која се стремите, без оглед каков е патот, колку проблематични или среќни ситуации се пред вас, кон што стремите, каде сакате да стигнете. Значи, имајте јасна цел пред вас. Додека одите кон таа цел, ќе Ви се случуваат различни работи, некои позитивни, некои негативни. Некои многу интересни работи можеби ќе ви го одвлекуваат вниманието во друг правец или насока. Задржете го вниманието на целта, отворете ги сетилата, следете што се случува, дали одите кон целта или пак се оддалечувате од неа, и доколку гледате дека она што го правите не дава резултат, пробајте да правите нешто друго. Значи овие три столба, овие три едноставни мини стратегии може да ви помогнат да направите голем исчекор нанапред, каде и да се наоѓате моментално во животот. Значи имајте јасна цел пред вас, бидете отворени да забележите дали одите од целта или кон целта и бидете подготвени доколку она што го правите не дава резултат да го промените, пробајте било што друго, само не ги повторувајте активностите кои досега не даваа резултати.

Кои се најчестите бенефитите од НЛП едукацијата?

Постојат два бенефита кои се очигледни. Прв бенефит е приликата да го научите  она што авторите на НЛП то веќе го препознале во работата со врвните психотерапевти. НЛП не е измислен, НЛП е препознаен. Значи авторите на НЛП, Бандлер и Гриндер препознале како успешни психотерапевти комуницираат со своите клиенти. Со посетувањето  на НЛП обуката, вие нема да станете успешен психотерапевт туку ќе успеете да комуницирате на начин на кој тие тоа го прават. А што правеле психотерапевтите? Тие влијаеле врз своите клиенти да променат одредено несакано однесување, влијаеле да бидат помирни и посмирени, да разрешат конфликти со кои се соочувале секојдневно. Едноставно, начините на комуникација кои резултирале со вакви резултати ќе можете и вие да ги научите, а каде ќе ги примените  истите останува на вас. Некои тоа го применуваат во пријателските релации, некои во фамилијарните, во работните, во управување со другите луѓе, во  продажбата, во презентацијата и.т.н. Но тоа е еден вид на резултат кој  е  речиси 100% сигурен доколку луѓето го применуваат тоа што го учеле на тренингот.

Другиот вид на резултати се однесува на целите. Учесниците во НЛП програмата ќе можат да работат на сопствените цели. НЛП има некои основни концепти и столбови на кои се базира. Еден од столбовите на НЛП е работа на цели. Во текот на овој тренинг луѓето ќе научат не само да ги запишуваат сопствените цели или она што кажуваат во книгите за самопомош “Мисли позитивно, позитивни работи ќе се случуваат”. Не, ќе научат како тоа да го правам дури и во ситуации кога тоа воопшто не ми се прави, кога надвор времето не е баш најдобро, кога ми се случува нешто неубаво во животот, како и понатаму да го задржам правецот кон она што сакам да го постигнам. Тоа е она што навистина можете да го добиете како учесници на тренингот, а потоа и како некој што сето тоа го практикува на секојдневно ниво.

На кој начин НЛП е методологија со која се постигнуваат резултати?

Замислете се во некоја просторна или животна ситуација во која  соговорникот, пријателот, менаџерот или менторот постојано ве прашува: „Што е она што ти навистина сакаш да го постигнеш? Кои се резултатите кои сакаш да ги постигнеш?Кои се резултатите кои за тебе и луѓето околу тебе, долгорочно, прават голема разлика? На кој начин сакаш да ја промениш ситуацијата и како би изгледала таа ситуација во идеален случај?“. Ова се првите и основни прашања во НЛП. НЛП не се интересира зошто нешто не правиме и кои се причините зошто работите не функционираат. НЛП се занимава со тоа – како ние ќе знаеме дека сме постигнале успех, кои резултати сакаме да го постигнеме. Треба да се  тргне од тоа, а не од она кој е крив, зошто е крив и зошто се наоѓаме таму каде што се наоѓаме, што е типично за нашата средина која е ориентирана кон проблемите – не само Србија или Македонија, туку Европа воопшто е ориентирана на минатото, без разлика дали е тоа нешто позитивно или негативно. За разлика од Северна Америка која константно е ориентирана кон тоа  каде би сакале да стигнеме. Најдобро е да се искористи најдоброто и од едната и од другата ситуација. Затоа треба да ја искористиме нашата ориентираност кон минатото и да дознаеме кои се позитивните моменти кои не довеле до овде и да го фокусираме нашето внимание и енергија на тоа каде сакаме да стигнеме. Ова е начинот со кој ние константно се движиме кон резултатите и тоа е еден од основните концепти и столбови на НЛП, што е тоа што ти сакаш да постигнеш.

На кој начин се работат вашите НЛП програми и кој ги реализира?

Нашите НЛП програми ги реалзираат НЛП тренери и НЛП мастер тренери. Од самиот почеток нашата цел беше да изградиме тим луѓе кои се сигурни, кои имаат професионално искуство во работата со интернационални компании и кои во своите кариери стигнале до одредени позиции,за да можат во работата со другите луѓе да изнесат дел од своите лични искуства и својата пракса околу начинот на кој го применувале НЛП-то. Значи 4 НЛП Мастер тренери и 4 или 5 НЛП Тренери и нашиот тим се уште расте. Силата на НЛП Центар е во тимот. Програмите најчесто ги резлизираме во Модули кои се дводневни или тродневни во зависност од организацијата. Идејата е помеѓу тренинзите луѓето да имаат доволно време да го интегрираат знаењето и вештините кои се претставени и кои ги вежбале на модулот. Исто така користиме и современи средства како што е e-learning  платформата и мобилна апликација кои овозможуваат брзо интегрирање на она што било претствено на тренингот. Нашата идеја е НЛП-то кое го применуваме да не биде фантастично, туку практично. Не сакаме никого да го фасцинираме туку да имдадеме на луѓето практични алатки со кои ќе ги поместат работите и ќе направат промени во секојдневието. Таа практична и реална примена овде и сега е нешто што може веднаш да се примени и е нешто што е карактеристика на нашата работа, а она што ние како тренери и носители на целокупната работа им го нудиме на клиентите е да можат да проверат што е она што ние денес го работиме и кои се тие феноменални цели на кои денес инсистираме – тоа е пак нашиот предизвик поради кој секој ден излегуваме од нашата комфорна зона. Многу е важно кога некој работи со луѓе на нивните цели и самиот постојано да излегува од својата комфорна зона – тоа е она што ние го правиме и како поединци и како компанија.

Вие имате интернационално искуство и каде сте присутни?

Во период од 2011 година до денес, како Интернационален тренер активно работам низ целиот свет. Моите ангажмани ми даваат можност го споделувам своето знаење буквално низ цела Европа (преку Берлин, Виена, Лисабон, Софија, Букурешт, Прага, Варшава), далечниот исток ( Сингапур), Јужна Америка (Сао Паоло), Катар, Доха. Интернационалното искуство ми помогна да разберам каде ние како општество се наоѓаме во однос на светот, кои се наши силни страни, а кои наши слабости. И тоа мое знаење го пренесувам на поединците во нашиот регион, но и на поединците ширум светот. Тукушто се вратив од Милано, каде реализирав еден четиридневен тренинг, за неколку дена одам во Лисабон и потоа следи летна пауза. Ние, луѓето на нашето подрачје, бивша Југославија во главно се доста вредни, работат, но фокусирани се на детали, фокусирани се на тоа “Ајде да работиме”. Меѓутоа немаат широка слика и имаат цврсти ставови. А она што НЛП со себе го носи е како тиe цврсти ставови да ги направиме корисни, бидејќи токму тој цврст став за било која тема може да ни одмогне односно да ни помогне да се удриме а не да ги заобиколиме препреките и да продолжиме понатаму кон она што сакаме да го постигнеме.

Накратко, која е Атриа?

Атриа постои од 2011 година. Настана на темелите на НЛП Центар кој е основан во 2008 година, а основната идеја за основањето на Атриа беше одговор на потребата новите програми кои почнавме да ги воведуваме како Ериксон Коучинг Колеџ, Персона Глобал и останатите да ги приближиме до клиентите. Природниот раст на компанијата и развојната визија за унапредување на работните резултати на нашите клиенти, доведоа до формирање на Атриа група во 2011 година. Па така, од тогаш до денес Атриа има свој живот, НЛП Центар свој. НЛП центар останува да биде еден од главните столбови на Атриа, фокусиран само на примена на НЛП – то во личниот и професионалниот развој.  Од почетокот на 2018 година програмата на НЛП Центар, како дел од Атриа се достапни и на македонскиот пазар преку соработката со нашите партнери Сенсим Тренинг и Коучинг.

И за крај, како долгогодишен интернационален коуч и тренер, на кој начин ги советувате компаниите за успешно работење?

Тешко е да се даде директен одговор, но и не постои една и единствена формула за успех. Сите  до сега познати стратегии, кои се успешни и даваат резултати, се врзани за време кое е зад нас. Во последните 10-20 години па и во поблиското минато, можеме да забележиме дека светот се менува многу брзо. Веќе не постои менаџмент на промени, како таков. Порано имавме концепти на менаџментот на промени со кои компаниите од една стабилна состојба преминуваа во друга стабилна состојба, а тој процес го нарекуваме менаџмент на промени. Но, промените доведоа до тоа компаниите, независно мали или големи, да бидат во константен менаџмент на промени, така што не постои процес кој е тука и кој е привремен туку се повеќе говориме за култура на менаџирање со промените. Ова би значело дека компаниите мораат да се прилагодат на таа новонастаната ситуација, така што единствена стратегија која можеме да ја потенцираме и применуваме во овој свет на промени е да бидеме флексибилни. Можеби е исто така важно да се чекираат правците и целите малку почесто, бидејки многу брзо се случуваат  промените при што повеќегодишните планови, цели и стратегии денес се се повеќе под знак прашање, како за нашите компании така и за интернационалните компании.

Македонската асоцијација за човечки ресурси во соработка со СЕНСУМ тренинг и коучинг и НЛП центарот организираат HR кафе& работилница на тема: НЛП (Neuro-linguistic programming) со г - дин Пеџа Јовановиќ 20 јули 2018, петок, 17 ч. „Public Room“ – Скопје.

За да присуствувате Ве молиме задолжително да го пријавите Вашето присуство преку онлајн пријавата:https://goo.gl/forms/T9DLb3H9wWkLlfYw1 или contact@mhra.mk.

За подетални информации за настанот може да се обратите до: info@sensum.mk или на

тел.02/3099-919 или 070/551133


Можеби ќе ве интересира

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот