19 Април, 2024
0.0282

ИНТЕРВЈУ СО ДЕЈВИД ШОХ: Во HTEC ќе регрутираме инженери од цела Македонија, со новите решенија го дигитализираме бизнисот

Објавено во: Економија 15 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Откако отвори Центар за развој во Скопје, американската компанија HTEC планира да се прошири и во другите градови во земјата. Дејвид Шох, главниот оперативен директор на Групацијата во интервју за Фактор вели дека предвиделе да вработат повеќе од 300 инженери, проект менаџери, сопственици на производство, дизајнери и останати професионалци во првите пет години од инвестицијата. Нивните проекти главно вклучуваат дигитализација при развивање на самиот продукт и внесување иновативност на различни пазари. Вели дека ја одбрале Македонија за вложување затоа што исполнила доста од нивните предуслови

Вашиот Центар за развој веќе функционира во Македонија, како и што претходно најавивте со помал број на вработени, но секако со амбициозен план за развој во периодот којшто следува. Година и половина откако светот живее во пандемија, а со тоа и во многу нови предизвици од економски аспект, каква е вашата стратегија за македонскиот пазар?

Шох: Предвидуваме навистина голем потенцијал за раст и зајакнување на нашите капацитети во Северна Македонија и на вистински пат сме да се прошириме со регрутација и развој на инженерските таленти. Ние, исто така планираме тесна соработка со клучните технички универзитети со цел да можеме да регрутираме и да развиваме инженери коишто ќе можат да работат на проекти од светски ранг ширум светот.

Пандемијата направи застој во многу бизнис сектори, но нашата стратегија уште од самиот почеток беше да ги поддржуваме нашите клиенти и тимови – нешто што се покажа како успешно за HTEC, затоа што структурно двојно се зголемивме по појавата на пандемијата.

Една од позитивите работи која што ја гледаме како последица е префрлувањето кон дистрибуирани тимови ширум разни места, што значеше дека се отвораат нови можности за возбудливи проекти и технологии кои се подеднакво достапни на сите наши локации, вклучувајќи го и Скопје.

Кои околности Ве охрабрија да го проширите бизнисот токму овде?

Шох: Правевме анализи во голем број земји за инженерскиот потенцијал, за постоењето на технолошки универзитети, нивната репутација и вкупните трошоци за странски инвеститори. Притоа, морам да истакнам дека Северна Македонија поентираше многу при нашето регионално пребарување, затоа што ги исполни сите наши предуслови.

Веќе ја споменавме тековната криза, Вие не сте во сектор кој директно беше засегнат од истата, но земајќи ја во предвид глобалната криза како гледате на закрепнувањето во овој период? Кој треба да ја преземе палката, државата со јавни финансии или пак приватниот сектор?

Шох: Пандемијата е сосема неочекувана ситуација, при што сметам дека приватниот и државниот сектор треба да соработуваат заедно во насока на надминување на предизвиците наметнати од Ковид-19. Мораме повторно да ги анализираме сите клучни аспекти во однос на канцелариското работење, патувањата и соработката воопшто. Технологиите овозможуваат услови за започнување на разговори, а со тоа,ние на нашите клиенти им овозможуваме со развојот на новите технологиите да го дигитализираат својот бизнис, што сметам дека претставува клучен фактор за успех во овие наметнати околности.

Влеговте на македонскиот пазар по долгогодишното работење во Србија. Од тој аспект можеби близината одигра клучна улога, но факт е дека овие два пазари се сосема различни. Кои разлики ги пронајдовте и кои бенефити ги гледате во нашата држава?

Шох: Близината е секогаш од помош, но има и останати соседни пазари каде се уште не сме влегле, при што Северна Македонија покажа свои специфични предности. Нашата индустрија е брзорастечка и HTEC Групацијата значително го надминува растот во индустријата, па од таа причина ние мораме да го оддржуваме нашиот бизнис и да им излеземе во пресрет на потребите на нашите клиенти.

Со нашето проширување во Северна Македонија веќе придонесуваме за испорака на решенија, иако неодамна започнавме со работа. Има навистина големи таленти на инженери низ целиот Југоисточен Европски регион и од таа причина ние имаме амбициозни проекти за проширување на сите пазари кои ги исполнуваат нашите критериуми.

Тоа што започнавме да работиме во Северна Македонија пред другите земји, доволно зборува за она што Македонија како држава може да го понуди. Она што навистина се издвојува за Северна Македонија, е фактот дека нашите инженери од Србија и Босна и Херцеговина кои работеа со колеги од Македонија, зборуваа многу за нивната професионалност и способности. Тоа се потврди како вистина, само неколку месеци од нашето присуство во Скопје.

Кој е конкретниот план за развој на компанијата во Скопје?

Шох: Активни сме во Скопје и веќе изготвуваме планови за поголемите градови ширум државата. Предвидено е да вработиме повеќе од 300 инженери, проект менаџери, сопственици на производство, дизајнери и останати професионалци во првите пет години од нашата инвестиција. Нашите проекти главно вклучуваат дигитализација при развивање на самиот продукт и внесување иновативност на различни пазари. Работењето на иновации бараат различни профили на кадри и искуство. Исто така, планираме да оствариме соработка со локалните универзитети, не само да помогнеме во развојот на таленти, туку и да бидеме партнери на возбудливи истражувачки проекти.


Владата на Северна Македонија нуди поддршка на странски и домашни компании кои одлучиле да инвестираат овде, дали и вие како инвеститори ќе ја добиете истата?

Шох: Изградивме одлични односи со Владата на Северна Македонија и морам да истакнам дека дека бевме добредојдени уште од првиот ден. Очекуваме да постигнеме договор со Владата во однос на инвестициските стимулации рано наесен и да продолжиме да ги реализираме нашите планови.

 Овој вид на стимулации би требало да донесе поголем број на странски инвеститори во државата, но очекувањата не се реализираа во целост иако дел од странските компании, особено оние кои се лоцирани во инвестициските зони, се главен двигател во домашниот извоз. Дали овој концепт е атрактивен или пак Владата треба да го смени својот пристап?

Шох: Можеме да зборуваме само од перспектива на фирма за инженерски услуги со седиште во САД, па затоа е тешко да се коментира за инвестициски стимулации ширум останатите индустрии и сектори. Поволностите понудени од Владата на Северна Македонија, HTEC како Групација ги смета за мошне атрактивни, споредено со останатите земји во регионот, а брзината со која влеговме во државата треба да биде позитивен сигнал за секој потенцијален странски инвеститор.

Се смета дека Вашит сектор има поголем простор за напредок во сегашните околности. Каков е Вашиот концепт за следниот период?

Шох: Планираме да го финализираме договорот со Владата и дастанеме едни од најголемите технолошки работодавачи во Северна Македонија. Секако напорно ќе работиме со цел да го реализираме нашиот инвестициски план во наредните пет години и да одиграме клучна улога при донесување на нови и возбудливи проекти, технологии, како и услови за кариерен развој на инженерите во Северна Македонија, овозможувајќи им при тоа да ги продолжат своите кариери, без да ја напуштат државата.


Можете ли да ни кажете штоточно ќе работите овде во Македонија, кои услуги ќе им ги понудите на клиентите?

Шох: HTEC Групацијата работи стратешки со американски и европски технолошки компании, како и глобални корпорации во областите на дигитализацијата, истражување и развој, развој на продукти и иновации. Нудиме опслужуваме широк спектар на индустриските сектори, почнувајќи од високо развиена технологија и софтвери, медицинска технологија, малопродажба, па се до логистика и многу повеќе. Како компанија која е развоен, истражувачки и технолошки партнер за своите клиенти, ние работиме на нивните суштински технологии, а во истовреме на нашиот инженерски и иновативен тим им овозможуваме дополнителни предизвици, кои треба заедно да ги решиме.

Инаку HTEC Групацијата е глобална компанија за технолошки консалтинг, развој на дигитални производи и инженерство, чие седиште се наоѓа во Сан Франциско, со регионални работни простории и центри за развој во Нордиските земји, Велика Британија, Холандија, Словенија и Југоисточна Европа. 

Нуди врвно инженерство од светски ранг, истражување и развој, развој на иновативни продукти и услуги во широк спектар на индустрии, при што соработува со врвни светски високотехнолошки компании, потоа соедни од најбрзорастечките старт-ап компании,како и други напредни фирми. HTEC Групацијата вработува технолошки експерти, креативци, продукт инженери, бизнис консултанти и повеќе од 1000 инженери кои се квалификувани за развој на продукти, хардвер и компјутерски софтвери, наука за податоци, како и прилагодливи клауд платформи кои носат комплетно интегрирани крајни решенија.

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите