18 Април, 2024
0.2592

Двете високообразовни институции, СИТИ Колеџ и Универзитетот Јорк се обединуваат под заедничка цел и соработка за јавно, општо добро

Објавено во: Балкан 15 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Европскиот Kампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ во Солун, им овозможува на студентите во регионот во време на Брегзит да имаат директен пристап до врвно британско образование. Универзитетот Јорк е водечка британска академска институција, член на престижната Расел група, со признание TEF Gold за извонредна настава и признаен низ целиот свет по истражувачката работа што ја врши. Ова партнерство ветува дека ќе донесе многу придобивки за високото образование, за економиите и за општеството во целост, во целиот регион.

Зошто Универзитетот Јорк развива Европски кампус со седиште во Грција?

ЏефриУниверзитетот Јорк е инклузивна, меѓународна заедница и оваа водечка иницијатива го поддржува меѓународниот етос (карактер) на универзитетот. Овој нов сојуз со СИТИ Колеџ е само пример за прифаќањето на Универзитетот Јорк на отворен и глобален пристап кон истражувањето и образованието, и поддршка по принципот - можности за сите. Овој сојуз одразува динамичен развој на амбициите на Јорк за зајакнување на меѓународната соработка и се базира на стратешкиот одговор на Универзитетот Јорк на претстојното повлекување на Велика Британија од ЕУ. Пред сè, ја одразува амбиција да се создадат нови можности за образование и да се изградат силни европски мрежи.

Зошто Универзитетот избра да воспостави стратешки сојуз со СИТИ Колеџот?

Џефри: СИТИ колеџ е признат по своите академски достигнувања и обезбедува образование и истражувачка дејност кои се силна поддршка на развојот на општествата и економиите во регионот. Односот помеѓу двете институции обединува заедничка цел на соработка за јавно, општо добро. Соработката на две исклучително успешни високо образовни институции, ќе ги ангажира и инспирира студентите во Југоисточна и Источна Европа, а на академскиот персонал ќе им овозможи да демонстрираат посветеност во создавање, применување и споделување знаење, коешто ќе помогне во одговорот на најголемите економски и општествени предизвици на нашето глобално општество.

Какви придобивки ќе донесе за Универзитетот?

ЏефриДвете институции ќе ја градат меѓусебната врска за да развиваат нови програми низ европските региони, да воспостават заеднички можности за истражување и управување, да овозможат нови размени на персоналот и студентска мобилност, како и да споделат пристап до најценетото и највредното во секоја академска средина – пристап до библиотечни фондови, до искуства, до знаења. Уште, ќе обезбеди физичко присуство на Универзитетот Јорк во Европа и ќе го трансформира во центар од каде целиот универзитет ќе биде поврзан со академските, владините и корпоративните мрежи низ Југоисточна Европа и соседните региони.

Какви придобивки ќе донесе кампусот за ЈИЕ и поширокиот регион?

ЏефриВрз основа на нашите заеднички вредности, стратешкиот сојуз меѓу двете образовни институции ќе го има јавното добро како врвен приоритет. Во суштина, ќе придонесе за развој на луѓето, општествата и економиите, за проширување на можностите и еднаквиот пристап за сите. Сојузот меѓу двете институции ќе понуди додипломски, постдипломски, МБА и докторски програми, што ќе доведе до диплома од водечки универзитет во Велика Британија со глобална репутација.


Можеби ќе ве интересира

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

ТАТКОТО НА ДАНКА ОТКРИ ДЕКА ТРПЕЛЕ НАВРЕДИ: Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе

ТАТКОТО НА ДАНКА ОТКРИ ДЕКА ТРПЕЛЕ НАВРЕДИ: Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе

ЗИМСКИ БРАН ВО РЕГИОНОТ: Снег падна и во Сараево

ЗИМСКИ БРАН ВО РЕГИОНОТ: Снег падна и во Сараево

ОВА НЕ СМЕ ГО ВИДЕЛЕ НИТУ СРЕДЕ ЗИМА! Погледнете како вее снег во овој дел на Србија на средина на април (ФОТО)

ОВА НЕ СМЕ ГО ВИДЕЛЕ НИТУ СРЕДЕ ЗИМА! Погледнете како вее снег во овој дел на Србија на средина на април (ФОТО)

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година