18 Април, 2024
0.0266

Интервју со Ристо Јаневски: Со концептот на ОКТА за енергија од обновливи извори до финансиски и еколошки придобивки

Објавено во: Мои пари 20 Септември, 2018

Добивај вести на Viber


ОКТА АД - Скопје следејќи го примерот на Групацијата Хеленик Петролеум започна процес на преобразба од нафтена компанија во модерна енергетска компанија која во своето портфолио ќе ги додаде производството на електрична енергија од обновливи извори и снабдувањето и менаџирањето на енергија на своите клиенти. На крајот на август беше пуштена во употреба фотоволтаичната централа која ОКТА ја донираше на Факултетот за електротехника и информатички технологии. Компанијата ОКТА наскоро ќе почне со производство на струја и од 100kV фотоволтаичната централа што ја инсталираше во Струмица. На чело на тимот кој има задача да ја воведе компанијата во електроенергетскиот пазар е Ристо Јаневски, Директор на Стратешко планирање и развој во ОКТА. Јаневски е дипломиран електроинженер и доктор на науки во оваа област, а во ОКТА работи веќе 23 години.

Прашање: ОКТА како дел од ХЕЛПЕ групацијата, покрај основната дејност на нафтена компанија своето портфолио го прошири и како модерна енергетска компанија, со производството на електрична енергија од обновливи извори. Кои активности ги преземате за компанијата да стане дел од електроенергетскиот пазар?

РЈ: Влезот во електроенергетскиот сектор се планираше и одвиваше во неколку фази. Развивањето на концептот според кој ОКТА ќе ги започне активностите во секторот на електроенергетскиот пазар и динамиката како ќе се одвива, беше првиот чекор. Потоа, во втората фаза следеа активности за добивање лиценци за снабдување и производство на електрична енергија од Регулаторната комисија за енергетика. Секој дел од планот за работа внимателно се опсервираше и се следеа чекорите во детали, се додека не се стигна до третата фаза, односно изработка на соодветни проекти, средување на административните работи со општините и конечно инсталација на централите на лице место.

Согласно направените анализи и актуелните состојби со електричната енергија во државата, се одлучивме за концептот на дистрибуирани производители од обновливи извори. Имено, идејата е да се одберат мали и средни индустриски компании кои трошат многу електрична енергија во својот производствен процес, но кои, исто така трошат и нафтени деривати и други енергенси (огревно дрво, јаглен). Концептот предвидува инвестиција во фотоволтаични електрични централи за производство на електрична енергија, но во исто време ОКТА ќе се грижи и за менаџментот на енергијата во компаниите со што ќе придонесе за поголема енергетска ефикасност, односно намалување на загубите во енергија на компаниите. Во секој случај, замената на јагленот, огревното дрво или мазутот со електрична енергија од обновлив извор, придонесува и за заштитата на животната средина во местата каде што функционираат овие компании.

Прашање: На Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје неодамна беа пуштени во употреба две фотоволтаични централи со вкупна моќност од 22 KW, од кои едната беше донација на ОКТА. Кој беше мотивот за оваа донација и за ваквата соработка со факултетот?

РЈ:Покрај економската страна и придобивка за факултетот која е неизбежна во ваквиот тип енергетски инвестиции, ОКТА како општествено одговорна компанија си постави за цел влегувањето во новите енергетски бизниси да го направи во тесна соработка со техничките универзитети. Таков е случајот и со Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје кој освен што се занимава со образовна дејност има и свои акредитирани лаборатории кои поседуваат различни технички лиценци. Од друга страна, оваа донација всушност беше еден мини модел на фотоволтаичните централи кои имаме намера да ги инсталираме кај одреден број мали и средни компании. Врз овој мини модел заеднички ќе ги следиме сите фактори и научно - технички решенија.

Прашање:Што им овозможуваат фотоволтаичните централи на студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии и кои се придобивките од активирањето на истите?

РЈ:Оваа корисна донација има двојна вредност за Факултетот, економска и едукативна. Струјата произведена од фотоволтаичните централи ќе се користи за потребите на ФЕИТ што на факултетот ќе му донесе значителна годишна финансиска заштеда, што претставува голема економска оправданост на проектот. Понатаму, на овој модел ќе се  анализираат сите појави со производството на електрична енергија во најразлични временски услови и режими на работа следејќи ги сите научно - технички решенија кои придонесуваат за поголема ефикасност во работата на овие централи од обновливи извори. Вклучувањето во овој процес на студентите и стручните професори, ќе се одрази со огромни придобивки за сите инволвирани страни. Тие практично ќе учат и истражуваат на вистинска фотоволтаична централа вклучена во електроенергетскиот систем, особено денес кога овој вид енергија се наметнува како еден од економски најисплатливите, најбезбедни и еколошки препорачливи алтернативи.

Прашање: Со поддршката на инвестицијата на ФЕИТ во овој тип технологии, докажавте уште еднаш дека активно се ангажирате во заштита на животната средина и зголемување на енергетската ефикасност. Сметате ли дека и останатите институции треба да бидат поттикнати да ги користат обновливите извори на енергија?

РЈ:Никој повеќе не смее да ја занемари улогата на обновливите извори. Обновливите извори стануваат дел од сегашноста, но и од иднината, особено сега кога цената на електричната енергија од овие извори станува конкурентна со цената на електричната енергија од другите конвенционални извори. Сигурен сум дека и другите институции ќе го следат примерот на Факултетот за електротехника и информациски технологии без разлика дали тоа ќе биде концептот на ОКТА или на некои други енергетски компании.

Прашање:Кои се идните планови и проекти на кои работи ОКТА во оваа сфера?

РЈ:Наскоро ќе влезе во производен процес 110 kW фотоволтаична централа во Струмица кај стопански субјект кој се одлучи преку концептот на ОКТА да добие поевтина електрична енергија, но исто така и партнер кој ќе ја менаџира потрошувачката на електричната и другите енергии и ќе им обезбеди дополнителна заштеда во нивниот буџет. Нашите планови продолжуваат во иста насока. Во преговори сме со повеќе мали и средни компании кои на подолг рок ќе се одлучат ОКТА да се грижи за нивното енергетско портфолио. Со оглед на тоа што сега ги поседуваме сите енергетски лиценци и предуслови за работа во овој сектор, се надеваме дека работите ќе се движат со побрзо темпо и бројот на клиенти полека ќе се зголемува.


Можеби ќе ве интересира

Тркалезна маса на тема развој на македонскиот фриленс екосистем

Тркалезна маса на тема развој на македонскиот фриленс екосистем

Време е за Велосипед - Пролетна Специјална Понуда на Supermart.mk!

Време е за Велосипед - Пролетна Специјална Понуда на Supermart.mk!

Нè очекува раст на цената на кафето, но од традиционалното турско кафе не би се откажале!

Нè очекува раст на цената на кафето, но од традиционалното турско кафе не би се откажале!

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Празнувањето може да започне

Празнувањето може да започне

Забрзајте и олеснете ги секојдневните домашни работи со Gorenje

Забрзајте и олеснете ги секојдневните домашни работи со Gorenje

Работилници за врсничко насилство и за учениците од Берово во кампањата на „Макпетрол“

Работилници за врсничко насилство и за учениците од Берово во кампањата на „Макпетрол“