20 Април, 2024
0.0259

Интервју со спец. д-р Тина Темелковска: Стигмата како непотребна бариера за заштита на менталното здравје

Објавено во: Стил 21 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Д-р Тина Темелковска е специјалист психијатар. За својата работа вели дека суштината на психијатријата е самите да го пронајдете решението за својот ментален и емоционален мир, а улогата на психијатарот е само да ви помогне и да ве насочи како да стигнете до таму. Д-р Темелковска по специјализацијата по психијатрија, дел од  своето образование во областа на клиничката психијатрија и психотерапија го продолжува во Љубљана, Словенија и Белград, Србија. За специфичните тераписки пристапи и методи, обуката ја стекнува во престижни европски и светски центри, како во Neuroelectrics, Барселона и Neuromodulationlab, Сингапур за tDCS, транскранијална директна струјна стимулација, за когнитивно бихејвиорална  терапија и ЕМДР методот во Загреб, Хрватска. Денес, како сопственик и специјалист психијатар во психијатриската ординација MindLab, применува современи психијатриски и психотераписки методи во третманот на своите пациенти. Некои од нив се изведуваат само MindLabкако единствената ординација сертифицирана за тој вид пракса.

Женски магазин: Во Македонија постои огромна употреба на анксиолитици. Според официјални податоци во 2016 година 216.000 луѓе подигнале дијазепам на рецепт. Дали тоа значи дека во земјава имаме пораст на лица кои развиваат психички проблеми?

Д-р Темелковска: Ние како луѓе се менуваме секојдневно. Како што растеме и се развиваме, созреваме интелектуално и емотивно, така се менува и нашиот ментален и емоционален склоп. Се менуваме и под влијание на средината, на предизвиците со кои се соочуваме секој ден и тоа е сосема природен процес. Се менува и нашиот мозок, постојано и со секое ново искуство, мисла и емоција. И токму затоа зголемената употреба на анксиолитици не мора да значи дека во земјава има пораст на лица кои развиваат психички проблеми. Не секоја состојба, емотивна нестабилност или дисбаланс,  е психички проблем или растројство.

Тука проблемот е во самоиницијативното и најчесто непотребно посегнување по анксиолитици, а токму тоа може да предизвика и други проблеми и несакани ефекти кои понатаму егзистираат од недостаток на едукација и дисторзирани информации добиени од форуми, блогови, социјални мрежи, разговор  со пријател (кој не е стручно лице), но го имал сличниот проблем и користел исти лекови кои му помогнале. Проблемот е дека граѓаните кај нас одбираат да се изложат на опасност од медикаменти без воопшто да се информираат дали им се потребни, владее една инертност, одбираат лекот да го сработи тоа што тие можат да го сработат на себе со помош на психијатар. Отворено и искрено да разговараат, да го најдат сопствениот баланс и да имаат редовна ментална хигиена со помош на стручно лице. Кај нас се уште постои недоверба и донекаде срам од признавање дека културолошките и социо-економските фактори и ситуации околу нас, предизвикале промена на нашата емоционална состојба. Како што кажав, живееме во време кога изменетите состојби на емотивниот и менталниот склоп се нормална појава и токму таквите реакции и промени се составен дел од нашите природни процеси и нè прават токму тоа што сме, рационални и емотивни битија.

Целото интервју прочитајте го на Женски магазин, овде.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган