24 Април, 2024
0.0286

ИНТEРВЈУ НАУМОВСКИ: Уредите на Vaillant ја намалуваат потрошувачката на енергија неколкукратно повеќе во однос на конвенционалните

Објавено во: Економија 22 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Германската компанија Vaillant, со деловна традиција долга речиси 150 години. е водечки европски производител и бренд кој на корисниците ширум светот им нуди енергетски ефикасни, иновативни и еколошки прифатливи системи за греење, ладење и вентилација со акцент на обновливи извори на енергија. Компанијата вчера, во присуство на амбасадорката на Германија,  Анке Холштајн, го отвори своето претставништво во Македонија, кое се наоѓа во населбата Влае, во приземјето на Гарден Ин молот. Свое присуство имаше и директорот за Југоисточна Европа – Марио Опачак, а по тој повод разговаравме со генералниот директор за македонскиот пазар  Деан Наумовски.

Vaillant  им овозможува на клиентите да се загреваат на ефикасен и еколошки начин, со што придонесува кон постигнување на целите во борбата со климатските промени. Во екот на енергетската криза, дали Vaillant ќе „им помогне“ на клиентите да добијат помали сметки за загревање?

Наумовски: Топлинските пумпи се енергетски ефикасни производи и со нив потрошувачка за енергија значително се намалува во споредба со конвенционалните извори на електрична енергија. Тука се и клима уредите кои мора да ги споменеме затоа што и тие се на некој начин уреди кои се енергетски ефикасни со тоа што комфорот не е ист кај овие два производи. Топлинската пумпа може да стои на тераса, на држачи монтирани на фасадата (исто како клима уред)  и да послужи за греење на некои 100 квадрати станбен простор. Енергетската ефикасност на топлинската пумпа во однос на конвеционален систем за греење е еден спрема четири.

Ваилант веќе има изработено прв котел кој е сертифициран за работа на чист водород. Претходно беше развиен уред со мешан погон- на гас и на водород, а сега веќе е постигната висока ефикасност на уред кој е 100%на водород. Технологијата за согорување на водород ќе се применува во производите наменети за широка потрошувачка, но, за жал, реално е да се очекува дека во Македонија, која доцни и со гасификација, и оваа технологија ќе дојде со задоцнување.

Како сте позиционирани на пазарот во моментов? Дали се зголемува побарувачката на клима уредите како што се зголемува неизвесноста со енергетската криза? Ценовно, колку може да биде достапен Vaillant за просечниот македонски купувач?

Наумовски: Се наметнуваме кај домаќинствата, но за помасовна потрошувачка потребно е да се гасифицираат градовите. Наши потрошувачи се и претпријатија на кои им се потребни во комерцијални цели и кои можат да обезбедат инсталација и приклучок на гас, како што се рестораните. Секако, тука се и големите потрошувачи како што се фабриките во индустриските зони во земјата

Колку е широк асортиманот на производи на Vaillant? Што се може да се купи од палетата на производи?

Наумовски: Производната програма на Vaillant вклучува: топлински пумпи, високоефикасни кондензациски уреди на гас за греење и подготовка на санитарна топла вода, соларни системи, рекуператори на воздух, електрични уреди за греење и санитарна топла вода, клима уреди, радијатори како и комплетен програм за регулација.

Ги нудите и топлинските пумпи и ѕидните кондензациски уреди на гас. Колкав е интересот за овие производи на македонскиот пазар и дали очекувањата во иднина се дека тие масовно ќе се користат?

Наумовски: Топлинските пумпи се енергетски ефикасни производи и нивната потрошувачка на енергија е значително намалена во однос на конвенционални електрични уреди, енергенската ефикасност на пумпите е во сооднос 1:4 во споредба со обичните уреди за греење, па според тоа јасно е колкава е исплатливоста..

Топлинските пумпи на Vaillant, едни од водечките производи на оваа компанија според продажбата на домашниот и европскиот пазар им нудат бројни предности на своите клиенти како: одржливост (ја намалуваат емисијата на CO2 во споредба со греењето со фосилни горива); удобност (нудат максимална удобност за греење, ладење и подготовка на топла вода); заштеда  (користат обновливи извори на енергија од природни ресурси земја, вода или воздух при што само 25% од вкупната енергија која ја користат е електрична енергија); ниско ниво на бучава (топлинските пумпи се едни од најтивките на пазарот, совршени за користење во густо населени области).

Дали Vaillant е општествено одговорна компанија? Има ли свој придонес на полето на еколошко освестување кај граѓаните, вклучително во нашата земја?

Наумовски: Green iQ ознаката го означува сертификатот за одржливост,  Ваилант произведува опрема којашто е енергетски ефикасна и еколошка. Нашите уреди се еколошки и не ја загадуваат околината, а притоа ја трансформираат енергијата во топлина на најефикасен можен начин.

Во новоотворениот продажен салон видовме дека имате и Едукативен центар. Која е неговата намена?

Наумовски: Едукативниот центар е реална инсталација на која купувачите можат да видат како работат нашите котли за затоплување и топлинските пумпи. Современите уреди не се едноставни за инсталирање и ракување, ние продаваме високо- технолошка опрема и не сакаме со таа опрема да ракуваат необучени луѓе па токму затоа Ваилант поседува и мултифункционален центар кој навистина е од големо значење. Подготвуваме тренинзи за инсталатерите и сервисерите и правиме обуки за цела инсталатерска и сервисна мрежа, бидејќи токму инсталатерите и сервисерите се оние кои нашите производи ги вградуваат и ги одржуваат кај крајните клиенти. 

Покрај производите, нудите услуги како инсталирање и сервисирање? Дали тоа оди заедно со купувањето на топлинските уреди?

Наумовски: Уредите на Vaillant одат заедно со нивното инсталирање, а за таа намена имаме посебна екипа. И за сервисирањето имаме посебна екипа која е достапна 24/7. Во иднина сакаме да обезбедиме можност сервисерите однапред да знаат дали го имаме тој дел набавено. Инаку Vaillant гарантира дека деловите ќе бидат достапни 15 години по завршувањето на нивното производство.

За крај може ли да издвоите некои посебни модели на топлински уреди кои би им ги препорачале на потенцијалните клиенти?

Наумовски: Еколошките стандарди се посебен приоритет за компанијата со еден ипол вековно искуство, па пред две години е промовирана нова топлинска пумпа наречена Аротерм Плус, која користи специјален еколошки фреон со фактор за глобално затоплување 3, за разлика од своите конкуренти, чиишто фактори на глобално затоплување се 670 па дури и над 2000. Освен што е многу над ионака строгите европски стандарди за справување со климатските промени, оваа пумпа е високотемпературна, за разлика од претходните модели кои беа нискотемпературни и произведува 65 степени Целзиусови.


Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава