29 Март, 2024
0.0279

ИНВАЗИЈА ОД РУСИ ВО СРБИЈА. Не прашуваат за цена, само даваат пари

Објавено во: Балкан 24 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Од почетокот на војната во Украина, забележливо е доаѓањето на голем број Руси во Србија, пред се во Белград, а откако Владимир Путин нареди делумна мобилизација, во следните две недели се очекуваат во Србија да пристигнат уште околу 4.000 Руси. кои според предвидувањата дополнително ќе ги зголемат цените за издавање станови.во главниот град.

Во претходниот бран беше забележано дека киријата за стан од 50 квадрати, на пример, пораснала од 300 на 450 евра, што претставува голем проблем за Србите кои живеат како кираџии, бидејќи сопствениците на становите условиле многу од нив да мораат да платат повеќе или да се иселат од становите, за сопствениците да можат да го изнајмат тој простор на Руси или Украинци, кои исто така пристигнаа овде со почетокот на конфликтот, а се побогати.

Во моментов има околу 7.000 слободни имоти во Белград на веб-страницата за огласи Sasomange.rs, а во цела Србија, вклучувајќи го и главниот град, таа бројка е околу 8.959. Катарина Кузмановиќ, шеф за недвижности на огласите Sasomange.rs, за Курир вели дека има тренд на раст на цените по корона вирусот, како и дека побарувачката ја зголемува цената на киријата.

-Доколку Русите продолжат да доаѓаат, сигурно е дека повторно ќе има зголемување на цените на изнајмувањето на недвижностите. Цените сигурно ќе пораснат. Оние во тој прв бран пристигнувања не прашаа колку чини. Најпопуларни се Белград и Нови Сад, другите градови се помалку - објаснува Кузмановиќ.

Таа додава дека цените тогаш отишле над 100 отсто, како и дека најбарани локации кај Русите и Украинците биле центарот на градот, Врачар, Белград на вода, Дедиње, Нов Белград, т.е. околината на „Хајата“ и Блок 65, како и Баново брдо.

-Буквално се наддаваше, кај сопственикот дојдоа Русин и Србин и Русинот не ја праша цената, тој прифати се. Многу наши граѓани не можат да си дозволат да платат толку колку што плаќаат Русите. Русите изнајмувата станови за месечна кирија од 500 до 1.500 евра, а понекогаш и повеќе. Изнајмуваат и големи станови и куќи - вели соговорникот на Курир.

Кузмановиќ истакна и дека многу станоиздавачи почнале да го објавуваат текстот на огласот на руски јазик, што претходно не било случај.

На почетокот на годината можеше да се изнајми стан од 50 квадрати за 300 евра, сега тоа е реткост, па месечната кирија за овие станови е до 450 евра, цената на двособните станови на месечна основа е околу 600 евра, па дури и повеќе, а трособните станови чинат 1.000 евра. Цените за изнајмување зависат од локацијата, бројот на катови, опремата, но за оние локации во главниот град кои се најинтересни за Русите, цените се движат и до 3.000 евра.

Курир.рс

Можеби ќе ве интересира

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува