Инвестиција „тешка“ 450 милиони евра: Што ќе градат Србија и РС на Дрина
Објавено во: Балкан 21 Април, 2019
Република Српска и Србија за прв пат работат на големи енергетски проекти, изградба на три електрани на горниот слив на Дрина чија вредност е околу 450 милиони евра.
Новиот состанок на претставниците од двете земји во мај ќе донесат уште многу нови проекти, изјавил премиерот на РС Радован Вишковиќ, пренесе Б92.
Економистите од Србија веќе се јавуваат и прават истражувања на пазарот, рекол Вишковиќ и додал дека се очекуваат конкретни резултати оваа година, како и големи српски брендови да отворат производни погони ширум РС.
Како што додал, барем 20 сериозни компании од Србија сега имаат свое седиште ширум БиХ од Мостар, Широк Брег до Сараево, а во Бања лука очекуваат тие да се вратат во РС.