25 Април, 2025
0.0278

Инвестиција вредна над 4,5 милиони евра за нов производствен погон на рафинирано Кристал масло

Објавено во: Мои пари 12 Јули, 2024 11:29

Добивај вести на Viber

Во КРИСТАЛ 1923, деновиве беше поставена новата дезодоризатор-дестилациона колона, клучен дел од инвестицијата вредна над  4.5 милиони евра во новиот погон за рафинирање на масло. Оваа значајна инвестиција беше најавена од директорот Горанчо Лазов на свеченоста по повод одбележување на 100 години од постоењето на брендот Кристал.

Новата автоматизирана опрема не само што ќе го подобри квалитетот на нашите производи, туку ќе придоне се и за позелена и почиста животна средина. Со најновите технолошки иновации, ПИ КРИСТАЛ 1923 ќе може да произведува масло со врвен квалитет, задоволувајќи ги највисоките стандарди на индустријата. Оваа инвестиција е дел од нашата постојана посветеност кон одржливоста и подобрувањето на нашите производствени процеси.

Директорот Горанчо Лазов изјави: „Оваа инвестиција е важен чекор напред за ПИ КРИСТАЛ 1923. Со поставувањето на новата опрема, не само што го подобруваме квалитетот на маслото Кристал, туку и придонесуваме за заштитана животната средина. Ова е само еден од многуте проекти што ги имаме во план за иднината.“

ПИ КРИСТАЛ 1923 е компанија со богата историја и традиција, која веќе 100 години е лидер во производството на масло и единствен производител кој има комплетен процес за добивање на масло со преработка на сончогледово семе. Со оваа инвестиција, продолжуваме да серазвиваме и да иновираме, секогаш имајќи ги во предвид потребите на нашите потрошувачи и заедницата.

Овој проект претставува уште еден значаен чекор во нашата мисија да обезбедиме највисок квалитет и одржливост во производството. Благодарни сме на нашитевработени, партнери и клиенти за нивната поддршка и доверба. Заедно, ќе продолжиме да создаваме подобра иднина за сите нас.

ПИ КРИСТАЛ 1923 како македонска компанија со долгогодишна традиција во производство на прехранбени производи работи  со посветеност кон квалитетот и иновациите, со тоа што продолжува да биде лидер на пазарот, носејќи вредност и одржливост во секој аспект од своето работење.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Повик за македонските стартап тимови: Компанијата „Mozzart“ Србија го започнува четвртиот циклус на стартап програмата „Универзум“ – Пријавете се!

Повик за македонските стартап тимови: Компанијата „Mozzart“ Србија го започнува четвртиот циклус на стартап програмата „Универзум“ – Пријавете се!

Daily Food & Wine e урбана гастрономска оаза што го претвора секојдневието во доживување

Daily Food & Wine e урбана гастрономска оаза што го претвора секојдневието во доживување

Домот како кино со големите телевизори на Samsung

Домот како кино со големите телевизори на Samsung

„Литера“ продолжува со ден посветен на креативноста, емоциите и илустрацијата

„Литера“ продолжува со ден посветен на креативноста, емоциите и илустрацијата

Фестивалот „Литера“ започна со магично отворање и две впечатливи изложби во Сули Ан

Фестивалот „Литера“ започна со магично отворање и две впечатливи изложби во Сули Ан

Реализирана донација од 4 милиони денари за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје од Спорт Лаиф обложувалници

Реализирана донација од 4 милиони денари за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје од Спорт Лаиф обложувалници

Колективен постапувач ОИЛТЕК Доо – Ваш партнер за одговорно управување со масло и отпадно масло

Колективен постапувач ОИЛТЕК Доо – Ваш партнер за одговорно управување со масло и отпадно масло

MINT: секое дрво магнолија – ветување

MINT: секое дрво магнолија – ветување

Porsche 911 Spirit 70: уникатно чувство на слобода

Porsche 911 Spirit 70: уникатно чувство на слобода