26 Април, 2024
0.0270

Инвестицискиот циклус на „Макпетрол“ АД продолжува, реновирана и модернизирана бензинската станица во центарот на Тетово

Објавено во: Економија 05 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Во изминатиот период, „Макпетрол“ АД, најголемиот дистрибутер на горива во државата, постојано инвестира во обнова на своите бензински станици како и изградба на нови, со цел подобрување и осовременување на својата мрежа на услужни објекти.

И во овие отежнати економски услови предизвикани од Ковид-19 пандемијата,  „Макпетрол“ АД вложува максимални напори кон задоволување на растечките потреби на своите потрошувачи и воедно, при тоа да им овозможи квалитетно, сигурно и економично снабдување со нафтени деривати, гас и био горива.

Овој пат, својот инвестициски циклус компанијата го продолжи со реновирање на постојната бензинска станица, лоцирана во централното градско подрачје на Тетово. Станицата сега доби современ и функционален изглед, задоволувајќи ги највисоките технички и безбедносни стандарди. Достапност кон квалитетните производи и услуги потрошувачите имаат во текот на 24 часа, секој ден во неделата.

Вкупната инвестиција за реконструкција на оваа бензинска станица изнесува околу 70 милиони денари.На бензинската станица се достапни квалитетните горива од ULTRA фамилијата на Макпетрол, вклучувајќи го и течниот нафтен гас за возила, а во продажниот објект на бензинската станица на потрошувачите им стои на располагање широк избор на производи од дополнителниот асортиман.

„Макпетрол“ АД продолжува понатаму со инвестицискиот циклус, следејќи ги најновите достигнувања и иновации во делокругот од своето работење, со особена посветеност кон унапредување на високиот квалитет на производите и услугите наменети за своите лојални потрошувачи.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија