11 Јули, 2025
0.0349

Инженери на Македониja незадоволни од работата на РКЕ: Да се укине паушалното фактурирање на струјата

Објавено во: Економија 19 Јуни, 2025 10:16

Добивај вести на Viber

Неформалното здруќение Инќенери на Македонија изрази незадоволство од одговорот на преставката до Регулаторната комисија за енергетика за укинување на паушалното отчитување на струјомерите при фактурирањето на потрошената електрична енергија од страна на универзланиот снабдувач.
Од таму повторно се огласија по претставката што ја поднесоа на 29 мај кога во сила стапи новиот Закон за енергетиката. Од тука велат дека добиле одговор од Регулаторната комисија за енергетика, кој е типичен пример на институционална покорност пред енергетскиот оператор ЕВН и очигледен доказ за нефункционирање на регулаторниот систем во заштита на јавниот интерес. 
„Во нашата претставка баравме итно укинување на член 31 од Правилата за снабдување со електрична енергија, затоа што е во директна спротивност со член 185 од новиот Закон за енергетика. Дополнително побаравме итен вонреден надзор над ЕВН. Баравме РКЕ да упати јавен повик до граѓаните да пријавуваат незаконски издадени фактури. Баравме да се повика ЕВН на одговорност за континуираното прекршување на законските и договорните обврски“, велат инженерите. 
Суштината на нивната претставка беше да истакнат дека мерењето на потрошената енергија е технички процес што го изведува мерниот уред, а отчитувањето е акција на операторот за прибирање на тие податоци. Се потенцира дека без отчитување, не постои правна основа за реална фактура. Сѐ што се фактурира без реален податок од мерниот уред, освен ако уредот е технички расипан, е спротивно на Законот за енергетика, Законот за заштита на потрошувачите, Законот за облигациони односи и самиот Устав. 
„Во одговорот што го добивме наместо Регулаторната комисија да ја суспендира примената на членот 31, кој дозволува паушално фактурирање дури и кога има валиден измерен податок, таа тврди дека тој член останува во сила сè додека не се донесат нови подзаконски акти, иако истиот е очигледно спротивен на член 185 од Законот. Со тоа, РКЕ свесно го крши уставното начело според кое секој пропис мора да биде во согласност со закон. Подзаконски акт кој е спротивен на закон автоматски ја губи правната сила. Уште пострашно е што Комисијата во својот обид да го оправда системот, се повикува на обврски на МЕПСО (операторот на преносниот систем) иако темата на претставката се однесува на мерење и фактурирање кај домаќинства, што е исклучива надлежност на ЕВН Електродистрибуција и ЕВН Хоум, универзалниот снабдувач. Ова или укажува на неспособност за разбирање на правната и техничката структура на енергетскиот систем, или на намерно заматување на одговорноста, а патем еден член на Регулаторната комисија за енергетика е стручно лице за правни прашања од областа на енергетиката“, велат од Здружението.
Нагласуваат дека регулаторот дури отворено признава дека се обратил до Министерството за енергетика за „мислење“, како да е некаков пасивен извршител без самостојна надлежност.  Потсетуваат дека Регулаторната комисија, според член 46 од Законот е независно тело кое има целосна обврска да постапува по закон. 
„Оценката е дека со ваквото однесување, РКЕ ја погазува својата основна функција. Наместо да врши надзор над пазарот, како што ѝ е наложено со член 55 од Законот, таа активно го толерира кршењето на правата на потрошувачите, ја штити компанијата што има доминантна позиција на пазарот и дозволува нејзината волја да биде над законот. Бараат веднаш да се суспендира примената на членот 31, да се поведе вонреден надзор над ЕВН и да престане практиката на фактурирање врз основа на измислена непроверлива потрошувачка. Најавија и други граѓански мерки за да се спроведе законот“, смета неформалното здружение.


Можеби ќе ве интересира

ВЕЛКОВСКИ: Не можеме да си играме со пензискиот систем

ВЕЛКОВСКИ: Не можеме да си играме со пензискиот систем

Нагло ќе поскапе кафето во САД ако царините на Трамп за увоз од Бразил останат

Нагло ќе поскапе кафето во САД ако царините на Трамп за увоз од Бразил останат

Цените на суровата нафта се намалија за два проценти - што ќе направи ОПЕК?

Цените на суровата нафта се намалија за два проценти - што ќе направи ОПЕК?

НИ ПРОЗОРЦИТЕ ВЕЌЕ НЕМА ДА БИДАТ ИСТИ: Која е земјата која воведува нови стандарди за становите?

НИ ПРОЗОРЦИТЕ ВЕЌЕ НЕМА ДА БИДАТ ИСТИ: Која е земјата која воведува нови стандарди за становите?

Русија се соочува со предизвици: Индустриското производство се забавува

Русија се соочува со предизвици: Индустриското производство се забавува

Колку навистина чини живеењето во Германија: Овие места се најскапи

Колку навистина чини живеењето во Германија: Овие места се најскапи

ИЗГЛАСАНА СУСПЕНЗИЈА ЗА АНГЕЛОСКИ ОД ССКМ?! - претседателот тврди дека извршната директорка е суспендирана

ИЗГЛАСАНА СУСПЕНЗИЈА ЗА АНГЕЛОСКИ ОД ССКМ?! - претседателот тврди дека извршната директорка е суспендирана

Атлантик ја презема словенечката компанија зад брендот паштета Кекец

Атлантик ја презема словенечката компанија зад брендот паштета Кекец

МАГАЦИН НА „ФРИКОМ“ ИЗГОРЕ ВО ПОЖАРОТ ВО ВИЗБЕГОВО: Испораките се прекинати, се проценува штетата

МАГАЦИН НА „ФРИКОМ“ ИЗГОРЕ ВО ПОЖАРОТ ВО ВИЗБЕГОВО: Испораките се прекинати, се проценува штетата