29 Септември, 2024
0.0289

Инженерите на ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО со стручни трудови на јубилејот на Институтот по Мехатроника на Машинскиот факултет

Објавено во: Мои пари 29 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Мехатронички решенија за управување со мали хидроелектрани, со електрични возила и со батериски системи, беа темите на кои инженерите на ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО ги изложија последните достигнувања од инженерското работење на компанијата на настанот RE-MEMBER 2024, во организација на Машинскиот факултет во Скопје, со кој се одбележуваат 20 години од воведувањето на струдиската програма Мехатроника.

Инженер Војдан Андонов говореше за примената на PLC (програмабилен логички управувач) во управувањето на батериските системи за складирање на електрична енергија, што претставува последниот производ на Фероинвест, на кој компанијата работеше две години и кој претставува решение за вишокот електрична енергија произведена од фотоволтаици.

Инженер Филип Ташевски ги изнесе системите и управувањето на најновото електрично возило за чистење на Грин Машинс на БРАКО, моделот GM720ze, кое исто така е развивано во последните две години и е во постапка на сертификација од страна на германскиот институт ТУВ. Возилото има управување на сите четири тркала, како и други напредни решенија, и се очекува да предизвика значаен импакт на пазарите каде се бараат модерни и незагадувачки технологии.

Инженер Филип Андрески изложи стручна презентација за значењето на  автоматизацијата при управување и мониторинг на малите хидроелектрани преку SCADA систем. Фероинвест е лидер во изградбата и одржување на мали хидроелектрани кај нас, а изведува проекти и за клиенти во други држави. 

ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО имаат континуирана стручна соработка со Машинскиот факултет во Скопје, работејќи на проекти за поддршка и развој, и на факултетот и на производните процеси во компанијата.


Пр Објава


Можеби ќе ве интересира

Доживеј ја трансформацијата на природата во есента на најдобар можен начин, во најубавото можно место во Македонија

Доживеј ја трансформацијата на природата во есента на најдобар можен начин, во најубавото можно место во Македонија

ГРИН МАШИНС на БРАКО доби златен медал на Меѓународниот технички саем во Пловдив

ГРИН МАШИНС на БРАКО доби златен медал на Меѓународниот технички саем во Пловдив

„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки

„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки

Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоција на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски

Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоција на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски

Вина „Монтеко“ – ризница од вкусови со уникатен печат

Вина „Монтеко“ – ризница од вкусови со уникатен печат

ПроКредит Банка и ЕБОР со нова кредитна линија во вредност од 4 мил евра за зелени инвестиции во домаќинствата

ПроКредит Банка и ЕБОР со нова кредитна линија во вредност од 4 мил евра за зелени инвестиции во домаќинствата

ДА ГО ОБОИМЕ СВЕТОТ ВО БОЈАТА НА ВРАНЕЦ: По шести пат се одбележува Светскиот ден на вранецот

ДА ГО ОБОИМЕ СВЕТОТ ВО БОЈАТА НА ВРАНЕЦ: По шести пат се одбележува Светскиот ден на вранецот

Серијата Galaxy S24 се проширува со S24 FE: Врвно искуство кое ги прави сите функции на Galaxy AI достапни за повеќе корисници

Серијата Galaxy S24 се проширува со S24 FE: Врвно искуство кое ги прави сите функции на Galaxy AI достапни за повеќе корисници

Третата годишна конференција „Ingram & Vendors Networking #3“ ги постави темелите на најновите стандарди во ИТ индустријата

Третата годишна конференција „Ingram & Vendors Networking #3“ ги постави темелите на најновите стандарди во ИТ индустријата