iPhone X не може да ги натпродаде постарите модели
Објавено во: Економија 24 Април, 2018
Apple има огромни проблеми да на наметне новата серија на премиум смартфони iPhone X и овој досега историски најскап нивни смартфон со минимална цена од 1000 долари никако да стигне до посакуваната продажба.
Голема надеж Apple имаше дека во првите три месеци од 2018 година ќе надомести за недоволно моќниот и доцен есенски старт лани кога iPhone X пристигна дури во ноември, а се продаваше во многу ограничени количини.
Така и сега во првиот квартал од 2018 година, единствено застарениот модел iPhone SE од 2014 година е послабо продаван смартфон на Apple со вкупно 8% од целата продажба на Apple.
Изненадувачки потоа следува „ганц“ новиот iPhone X со само 13% од пазарното учество на сите iPhone смартфони годинава, додека поголем успех остварија шестата, седмата и осмата генерација на iPhone уредите.
iPhone X пристигна како јубилејниот смартфон на Apple скокнувајќи цела генерација на смартфони, беше првиот мобилен нивни уред со целососна искористеност на предната површина на екранот, селфи камерата може да прави 3Д фотки со анимирани ефекти, има можност за отклучување на екранот со скенирање на лицето, како и супер моќен процесор, но огромната цена изгледа е најголемата пречка за поголема продажба што е прв поголем неуспех на Apple во последните години.