Иран демантира: САД по грешка можеби урнале свој дрон
Објавено во: Свет 19 Јули, 2019
По тврдењата на
САД дека собориле дрон на Иран, се огласи Техеран и тврди дека не
изгубиле ниту едно беспилотно летало над теснецот Хормус.
САД можеби собориле „еден од нивните“ дронови, рече заменик-министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, тврдења на САД со кој го осудија Иран поради губење на едно беспилотно летало.
„Мислам дека американскиот воен боксер уништи еден од своите беспилотни летала“, напиша ирански шеф на дипломатија на Твитер на англиски јазик, осврнувајќи се на инцидентот во кој, според американскиот претседател Доналд Трамп, еден американски брод урнал иранско беспилотни летала.
„Ние не изгубивме ниту едно беспилотно летало над Хормус, или нешто друго“, додаде заменик министерот за надворешни работи на Иран
Пентагон го потврди инцидентот. Според нив едно беспилотно летало било уништено.
Инаку, Иран на 20 јуни урна американскиот дрон, кој, како што тврдеа, бил во нивен воздушен простор.