25 Април, 2024
0.0277

ИРАН ГИ ПЛАЌА УВЕЗНИТЕ СТОКИ СО КРИПТОВАЛУТИ: Потегот ги заобиколува американските санкции

Објавено во: Економија 10 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Иран за прв пат оваа недела направи официјална нарачка за увоз на стоки плаќајќи со криптовалути, објави агенцијата Тасним.

Нарачката, вредна 10 милиони долари, е првиот чекор што ќе му овозможи на Иран да тргува преку плаќања со дигитални средства, заобиколувајќи го глобалниот финансиски систем доминиран од доларот и ќе му овозможи да тргува со други земји слично ограничени со американските санкции, како што е Русија, пренесува Ројтерс.

Иранската агенција не прецизираше која криптовалута била користена во трансакцијата.

„До крајот на септември, употребата на криптовалути и паметни договори ќе бидат широко користени во надворешната трговија со целните земји“, напиша на Твитер претставник од иранското Министерство за индустрија, рударство и трговија.

Соединетите Држави применуваат речиси целосно економско ембарго против Иран, кое вклучува забрана за секаков увоз и соработка со таа земја - почнувајќи од нејзиниот нафтен, банкарски и транспортен сектор, но со ваков потег Иран практично ги заобиколи санкциите.

Иран е една од најголемите економии што ја прифати технологијата на криптовалути како средство за плаќање со цел да се намали државната контрола врз финансиите и економиите.

Една студија минатата година покажа дека 4,5 отсто од целокупното глобално ископување биткоин се одвива во Иран, делумно како резултат на евтината електрична енергија во земјата.

Европската Унија во понеделникот соопшти дека го предложила „конечниот“ текст за заживување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, бидејќи четиридневните индиректни разговори меѓу американските и иранските претставници завршија во Виена.

Според договорот од 2015 година, Иран ја ограничи својата нуклеарна програма во замена за укинување на санкциите на САД, ЕУ и ОН. Сепак, по одлуката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, САД се повлекоа од нуклеарниот договор во 2018 година и ги обновија острите санкции против Иран, што доведе до тоа Техеран да престане да ги почитува ограничувањата наведени во споменатиот договор околу една година подоцна.


Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди