Добивај вести на Viber
Официјални Иран и Русија преговараат за изградба на нова нуклееарна електрана во провинцијата Бушер, која би требало да почне во 2014 година.
„Со оглед на тоа што напредок е постигнат на преговорите во Женева, следната година ќе биде започната изгрдаба на уште една нуклеарка во Бушер“ - рекол директорот на иранската агенција за нуклеарна енергија Али Акбар Салехи.
Договорот помеѓу Иран и шест светски сили, според кој, Техеран треба да ја замрзне својата нуклеарна програма на шест месеци, во замена за ублажување на санкциите, постигнат е на 24 декември во Женева, но со него не се бара распуштање на нуклеарните постојки.