Иран испали проектили, но не сакал американски жртви
Објавено во: Свет 08 Јануари, 2020
Иран гаѓал песок за да избегне американски одговор.
„Блумберг“ пишува дека Иран сакал да избегне американски жртви, па проектилите испалени како одмазда за убиството на генералот Сулејмани, погодиле песочни дини, околу базата Ајн ел Асад.
Повикувајќи се на неименувани американски високи претставници, „Блумберг“ наведува дека, инаку прецизните проектили, погодиле песочни дини.
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека ниту еден Американец не е повреден во денешниот ирански ракетен напад на две американски бази во Ирак и најави нови санкции за Иран.Тој ги повика европските земји да го напуштат нуклеарниот договор со Иран, опишувајќи го како глупав и побара да се преговара за нов договор.
Повеќе лидери од различни земји повикаа на смирување на тензиите.
Инаку, овие тензии траат веќе две години.