Иран упати нови закани до САД
Објавено во: Свет 17 Мај, 2019
Нови закани кон САД упати Иран.
Властите објавија дека со леснотија може да ги гаѓаат американските воени бродови распоредени во Персискиот Залив.
Тензиите меѓу двете земји се зголемија кога Иран минатата недела најави дека ќе почне процес на повлекување од клучните делови на нуклеарниот договор од 2015 година, кој има цел да го спречи Техеран да развива нуклеарно оружје, а од кој Вашингтон се повлече лани.
САД повеќе од една недела посочуваат дека иранските власти и нивните сојузници на Блискиот Исток се подготвуваат за напади врз американските интереси во регионот, па поради тоа таму испратија носач на авиони, бомбардери „Б-52“ и ракетни системи „Патриот“.
Закани до САД упатил и генерал-мајор Абдулахим Мусави. Вели дека ако непријателот се прецени и направи стратешка грешка, ќе доживее жесток одговор од кој ќе зажали.