28 Март, 2024
0.2086

ИСЕЛЕНИЦИТЕ ГИ ГУБАТ РАБОТНИТЕ МЕСТА - тоа ќе ги секне парите што ни ги праќаат

Објавено во: Финансии 05 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Веќе не е тајна дека корона кризата ќе ги секне и дознаките. Тоа денеска го потврди и гувернерката Анита Бежовска-Ангеловска.

Дознаките од странство, рече таа, се значајна категорија. Во просек во изминативе 5-6 години вкупните приватни трансфери во земјава изнесуваа 15 отсто од БДП. Со нив значајно се финансираше домашната побарувачка, со тоа што две третини беа наменети за лична потрошувачка, а една тредина за инвестиции и штедење. 

„Оваа година глобално дознаките би паднале за 20 отсто во однос на претходната година, а главна причина е што во светот се губат работните места, а иселениците се во тој дел ранлива категорија. НБМ предвидува за годинава пад на приватните трансфери, и на оние што стигнуваат преку банките, но и тие што стигнуваат преку готовината. Или, како процент од БДП, дознаките ќе паднат за два до три проценти“, рече Бежовска.

На прашањето дали кај нас се заблежуваат позначајни одливи на капитал, гувернерката рече дека на глобално ниво во првиот квартал се видливи значајни одливи слични како за време на глобалната економска криза. Но веќе во април се заблежуваат помали одливи од економиите во април, што се забележува поради релаксирачките политики. 

Кај нас ова не е случај, бидејќи ние во минатото не сме имале значајни краткорочни капитални текови. Тоа во основа придонесува за помала ранливост на нашата економија на вакви шокови. Кај нас доминантен тек се СДИ, кои се постабилна компонента, и даваат значителен придонес за економијата.

За приливот на СДИ до крајот на годинава се очекува тие значајно да се намалат, наспроти солидните движења во изминативе 5 до 6 години,особено во 2018 година. За оваа година се очекува видливо да се намалат и да бидат 1,6 отсто од БДП. Значи, за оваа година се очекува јак шок, но тие да се вратат следната година, на ниво од 3,5 отсто. Во глобала се очекува инвестициите да паднат до 30 до 40 отсто, што ќе важи и за земјава.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка