20 Април, 2024
0.0256

Искусни планинари ќе ги водат скопјани на Матка

Објавено во: Стил 28 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Следната сабота (05 мај) од 10.00 до 16.00 искусни панинари ќе ги водат сите вистински љубители на природата, планинините, спортот, рекреацијата на разгледување и едукација на кањон Матка. 

Оваа планинарска акција се одржува прв пат, но ќе биде традиционална и ќе се оддржува секоја година. Оваа прва година како организатори на настанот се јавуваат едни од најстарите планинарски друштва од нашиот град, кој со децении едуцираат, анимираат и регрутираат нови млади вљубеници во природата и планианрските спортови, а тоа се: ПД Кораб – Скопје, ПСД Макпетрол – Скопје и ПК Шкупи – Скопје, а покрај нашите градски планинарски друштва, свое учество со поддршка ќе дадат и соседни пријателски клубови, кои воедно оваа година се и активни коорганозатори на големито настан: ПД Козјак – Куманово и ПК Шари – Гостивар. Настанот е наменет за планинари – почетници, ученици и сите останати љубители на природата. Идејата е да се покажат и презентираат основните планинарски вештини, а  воедно и да се развијат хуманите чуства кај учесниците. Мотивот е дотолку поголем што со оваа акција уште еднаш ќе се сврти вниманието на Граѓаните на Град Скопје, колку е важна физичката активност, спортувањето, чувањето на планините, еколошката свест и крајно хуманоста на секој поединец во општеството.

Ќе има организирано две планинарски групи:
Група 1: Село Шишево – Манастир Св. Никола – Кајакарски мост – Планинарски дом Матка
Група 2: Манастир Св. Богородица – Црква св. Спас – Планианрски дом Матка

Покрај пешачењето со професионални планинари, посетителите ќе можат да се запознаат со двете исклучително атрактивни планинарски патеки, основите на планинарењето, од професионалните планинари да слушнете кои се предизвиците на планина, што мора да се знае пред да се планинари, ќе се споделуваат исксутва, ќе дознаете повеќе за флората и фауната, како и за тоа како може да се опстане во планина подолго време и во различни временски услови.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган