16 Март, 2025
0.0915

ИСКУСНИОТ МЕНАЏЕР ГОРАН МАРКОВСКИ ДОАЃА НА ЧЕЛО НА НАДЗОРЕН НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - Таневски и официјално веќе нема ништо со компанијата со која долги години управуваше

Објавено во: Економија 19 Февруари, 2025 11:35

Добивај вести на Viber

Долгогодишниот директор, некогашниот алфа и омега во Македонијатурист, Доне Таневски, од денеска и официјално повеќе нема никаква функција ниту било каква поврзаност со компанијата со која некогаш суверено управуваше.

Имено, вчера формираниот нов Надзорен одбор на компанијата го разреши Доне Таневски од функцијата претседател на Надзорниот одбор,откако завчера на вонредното акционерско Собрание беше и отповикан од таа функција. и на негово место го именуваше Горан Марковски, еден од членовите кои беа избрани на завчерашното вонредно акционерско собртание на компанијата. 

„Претседателот на НО на Македонијатурист Доне Таневски се разрешува,  За претседател на Надзорен одбор на Македонијатурист се именува Горан Марковски. Оваа одлука стапува на сила на денот на денот на нејзиното донесување“, се вели во одлуката која денеска ја донел самиот Надзорен одбор. 

Како што вчера објави Фактор, нови членови на НО на најголемата хотелиерско-угостителска компанија во земјава се Горан Марковски, кој денеска е избран за претседател, потоа, Горазд Поповски, како независен член, Сашко Бошков и Олга Павлова. За овие членови всушност гласале мнозинството акционери на седницата на Собранието, кое се одржа на предлог на Скопски пазар.

Олга Павлова и Горан Марковски беа предлози на компанијата Чеза Комерц, која поседува 6,37 отсто од акциите на компанијата, но мора да се наведе и дека акционерот Симеон Павлов кој поседува 10,5 отсто, е исто така и еден од сопствениците на „Чеза комерц“.

Горан Марковски, инаку, е главен извршен директор на КБ Публикум, друштво што управува со шест инвестициски фондови со актива поголема од 100 милиони евра, според најновата објавена нето вредност на сите шест отворени фондови. Инвесторската заедница Марковски го препознава и како прв македонски портфолио менаџер со реномираниот сертификат CFA за финансиски аналитичар.

Олга Павлова е менаџер за продажба во Чеза Комерц и има импресивно образование кое се состои од диплома на менаџмет и меѓународна економија на Универзитет во Италија и постдипломски студии по менаџмет во Лозана Швајцарија.

Сашко Бошков и Горазд Поповски, пак, се предлози на „Промедика“, која поседува 11,9 отсто од акциите во „Македонијатурист“. Сашко Бошков е адвокат од Штип, а новиот независен член на Надзорниот одбор е Горазд Поповски, директор на сектор за правни работи во Стопанска банка Скопје.

Иако за членови на Надзорниот добор не поминаа предлозите на еден од најголемите акционери, М.Г. Фешн, се очекува дека од таа компанија ќе се изнедрат предлози за членови на Управниот одбор на компанијата, бидејќи таа, според наши информации, има поддршка и од најголемиот број други акционери од компанијата.

Останува да се види и како новите акционери ќе се договорат околу тоа кој ќе биде нов директор на „Македонијатурист“.

Инаку, членовите на НО ќе земаат солидни месечни паушали за својата експертиза што ќе ја дадат во тоа тело и тоа, за претседателот на НО ќе следуваат две просечни месечни нето плати исплатени во друштвото во последните три месеци, потоа за членовите на НО по една просечлна месечна нето плата исплатена во друштвото во последните три месеци, а за независните членови по 90 отсто од просечната месечна нето плата исплатена во друштвото во последните три месеци.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДОНЕРОТ ЌЕ ЧИНИ „САМО“ 12 ЕВРА, КИРИЈА ЗА ЗАЕДНИЧКА СТУДЕНТСКА СОБА 800 ЕВРА: Енормно поскапување во Германија

ДОНЕРОТ ЌЕ ЧИНИ „САМО“ 12 ЕВРА, КИРИЈА ЗА ЗАЕДНИЧКА СТУДЕНТСКА СОБА 800 ЕВРА: Енормно поскапување во Германија

ГОЛЕМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА АЛКОХОЛ СМИСЛУВААТ АЛТЕРНАТИВИ: Построги правила за царините на Трамп

ГОЛЕМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА АЛКОХОЛ СМИСЛУВААТ АЛТЕРНАТИВИ: Построги правила за царините на Трамп

И ТЕСЛА СЕ ПЛАШИ ОД ЦАРИНИТЕ: САД внимателно да ја разгледаат својата трговска политика

И ТЕСЛА СЕ ПЛАШИ ОД ЦАРИНИТЕ: САД внимателно да ја разгледаат својата трговска политика

УНИШТЕНИ ДЕСЕТИНА КИЛОГРАМИ НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА! Еве што велат од АХВ

УНИШТЕНИ ДЕСЕТИНА КИЛОГРАМИ НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА! Еве што велат од АХВ

ПРОПАДНА БАНКА ВО ГЕРМАНИЈА: Засегнати илјадници клиенти, што ќе биде со нивните пари?

ПРОПАДНА БАНКА ВО ГЕРМАНИЈА: Засегнати илјадници клиенти, што ќе биде со нивните пари?

НАЈДОА НАЧИН КАКО ДА ГИ ЗАОБИКОЛУВААТ САНКЦИИТЕ: Русите користат криптовалути во трговијата со Кина и Индија

НАЈДОА НАЧИН КАКО ДА ГИ ЗАОБИКОЛУВААТ САНКЦИИТЕ: Русите користат криптовалути во трговијата со Кина и Индија

Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески на средба со претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски

Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески на средба со претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски

НОВИ ШОКОВИ: Расте цената на златото, прогнозираната граница е достигната

НОВИ ШОКОВИ: Расте цената на златото, прогнозираната граница е достигната

Николоски: Ја пријавив Бугарија дека не сака да ја гради железницата

Николоски: Ја пријавив Бугарија дека не сака да ја гради железницата