Исламисти нападнаа нафтено поле во Либија
Објавено во: Свет 19 Мај, 2019
Исламисти нападнаа работници во нафтено поле во Либија.
Одговорноста за убиствата и киднапирањата ја презедоа Исламска држава.
Двајца чувари и еден војник се убиени, а четири луѓе се киднапирани во нападот на нафтеното поле Зела во Либија.
Ова нафтено поле се наоѓа на 760 км од Триполи.
Националната нафтена компанија на Либија соопшти дека е можно за 95% да падне производството на нафта во земјата, поради нестабилноста во земјата.