„Исламска држава“ стои зад нападот во Париз
Објавено во: Свет 21 Април, 2017
Одговорноста за синоќешниот напад на Елисејските полиња во Париз во кој беше убиен еден полицаец, а двајца сериозно повредени ја презеде милитантната група „Исламска држава“.
Францускиот претседател Франсоа Оланд оцени дека станува збор за терористички инцидент и најави „апсолутна претпазливост“ во деновите пред претседателските избори на 23 април. Неколкумина претседателски кандидати ја прекинаа кампањата, а имаше и барање за одложување на изборите. Француската полиција информираше дека напаѓачот бил убиен и дека по се изгледа дејствувал сам. Тој го паркирал своето возило до полициски автомобил при што почнал да пука од автоматска пушка.