Исполнете си го сонот: Стартува лотаријата за „зелена карта“ на САД
Објавено во: Свет 02 Октомври, 2019
Ако сонувате да живеете во Соединетите Американски Држави тоа може да го остварите најлесно преку Лотаријата за таканречените зелени карти.
Американската амбасада во земјава информираше дека Онлајн - регистрацијата за Лотаријата за 2021 година почнува денеска, 2 октомври, во 18 часот и ќе заврши во петок на 5 ноември, во 18 часот“ .
Сите детали што треба да направите читајте ги на овој линк.
Законот дозволува само една електронска форма по учесник во текот на периодот на регистрација. Кандидатите кои поднеле повеќе од едно барање ќе бидат дисквалификувани. Меѓутоа, можно е мажот и жената да поднесат посебна форма со вклучување на нивниот брачен другар, доколку и двајцата ги исполнуваат условите.