29 Март, 2024
0.0242

Исповед на возачот чиј автобус се запали во Грција: Најстрашно беше во задниот дел

Објавено во: Балкан 12 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Дробови полни чад, лице црвено од пламен, заматен вид од содржината на противпожарниот апарат кој му прснал во очи. Така изгледал Зоран Марјановиќ кој бил зад воланот на запалениот автобус со српски туристи во Грција.

Штом го прегазил душекот на автопат се појавиле искри, а неколку секунди потоа пламенот веќе беснеел помеѓу седиштата на кои биле заспиените патници.

Во мракот и чад, со вресок на луѓе и во само неколку секунди Зоран организирал евакуација и тргнал да го гаси пламенот.

-Неколку работи морав да направам и тоа во исто време, и тоа одеше само од себе, не знам како. Почна паниката, застанав и истрчав. Веќе го видов чадот и се појави пламенот. Се врати автобусот, ја деблокирав вратата додека уште работеше електрониката и им реков на патниците да излезат а потоа го земав апаратот за гаснење пожар-раскажува возачот за српските медиуми.

Тој вели дека најстрашно било во задниот дел на автобусот. Патниците веднаш можеле да го видат чадот, а просторот го исполнил чад. Имаше и мала паника, луѓето врескаа, но евакуацијата за среќа, брзо заврши.

Возачот раскажува дека луѓето добро се снашле и за брзо се организирале, не паѓале не се сплеткувале, и се оддалечиле од автобусот нешто да не експлодира.

Се сеќава и дека 15-20минути се борел со пожарот во автобусот додека дошле пожарникарите. За автобусот немало спас, а од багажот е спасено по нешто.

Душекот не можел да се избегне

Како што вели Зоран, најпрво видел некои шарени работи расфрлани по патот, кои изгледале како да испаднале од нечиј камион. Набрзо, забележал некаква испакнатина на патот. Тоа бил сивкаст, едвај воочлив душек и се што можел во тој миг е да помине преку него.

-Од левата страна на патот ме претекнуваше автомобил. Не можев нагло да закочам, бидејќи тогаш сигурно би имало повредени. И да преминев во лентата за запирање, повторно ќе го допрев душекот. И се би било добро да немал жица во себе која се закачи за моторот на задниот дел на автобусот-објаснува Зоран.

Патниците кои требало да се вратат во Белград од Грција чекале два часа но на крај се завршило добро.


Фото: Facebook/Gordana Đurić


Можеби ќе ве интересира

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф