19 Април, 2024
0.0238

Испровоциран од нападот во Нов Зеланд, Ердоган со опасна порака

Објавено во: Балкан 18 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Нападот на двете џамии во Нов Зеланд, за турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган е напад на Турција. 

Тој испрати заканувачка порака. Вели дека ќе ги врати назад во ковчег сите кои ќе се обидат да го заземат Истанбул.

Ердоган  тврди дека нападот во Нов Зеланд е доказ за глобалниот анти-муслимански сентимент.

Вели дека ги тестираат од 16.500 километри, од Нов Зеланд, и дека пораки праќаат од таму. 

„Ова не е индивидуален чин, ова е организирано“ - вели Ердоган.

Тој изјави дека вооружениот напаѓач ѝ се заканил на Турција и претседателот лично и дека сакал да ја истера Турција од европскиот дел. 

Медиумите претходно објавија дека напаѓачот Брентон Тарант, на социјалните мрежи се заканувал на Ердоган. 

Во нападот беа убиени 50 муслимани, а убиецот за себе кажал дека е расист.  Можно е безбедноста на напаѓачот да биде загрозена во затвор. Тој пред да го изврши нападот, изминативе години патувал во повеќе балкански земји. 

По минатонеделниот напад во Нов Зеланд, муслиманските водачи во Британија побараа од властите да им дадат средства за обезбедување на џамиите, како што тоа беше направено за еврејската заедница во земјата.

Премиерот на Нов Зеланд, Јакинда Ардерн изјави дека владиниот кабинет ги поддржал измените на законот за оружје, по терористичкиот напад во двете џамии, во кој животот го загубија 50 луѓе и многумина се повредени.

Можеби ќе ве интересира

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот