ИСПУКАЛ КУРШУМ КОН НЕА, НО НЕ ЈА ПОГОДИЛ: Дивата свиња потоа го усмртила ловецот од Долни Дисан
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2021
Жител на село Долни Дисан починал денеска од повреди од дива свиња кон која пукал, а не ја погодил, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.
„Во СВР Велес е пријавено дека околу 8 часот во близина на селото Вешје-Неготино, при лов на дива свиња, Т. Т. (1971) од село Долни Дисан, испукал еден куршум кон дива свиња, но не успеал да ја погоди, пo што таа го нападнала нанесувајќи му повреди, по што тој починал на лице место, појаснуваат од МВР.