25 Април, 2024
0.0282

Источна Македонија има три бизнис господари! Кои се тие?

Објавено во: Економија 12 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Дали навистина истокот на Македонија е сиромашен? Дали е тоа мит? Трите најголеми компании во источниот регион лани имале заедно приходи кои надминуваат 170 милиони евра. Профитот на овие три рударски компании лани надминува 60 милиони евра. Профитните маргини се движат од 22 отсто до 43 отсто од приходите. И што добива „верниот“ Исток од тоа? Па,.... генерално, платите на рударите и услугите од добавувачите

Економијата на источна Македонија во значајна мерка е втемелена во рударството. Зад фразите за сиромашниот и неразвиен исток се крие голем бизнис. Во три градови кои, реално, имаат најмногу до 15.000 жители работат рударски компании кои лани генерирале профити меѓу кои најниските е 5,4 милиони евра, а највисокиот е 41,5 милиони евра. Тешка и мачна е работата на рударите во „Саса“, „Бучим“ и во злетовскиот рудници, затоа им се добри и платите во споредба со просечните плати во општините во кои живеат. Но тоа е само делче од профитите кои ги остваруваат компаниите кои ги ангажираат тие рудари. Затоа и велиме дека Истокот од своите рудни богатства добива назад – плати на рударите.

Трите рударски компании се целосно поседувани од странски компании од кои две со години наназад работат успешно. Рудниците продаваат концентрати од руда кои потоа надвор од земјава се преработуваат и топат за да се добие крајниот производ. Македонија нема топилиница за оловно – цинкова руда, по затворањето на велешката тешка индустрија пред дваесетина години.

Кои се господарите на Истокот?

Рудници „Саса“ е најголемата и најуспешна рударска компанија во земјава. Стационирана е во малото рударско место на крајниот исток близу до македонско-бугарската граница – Македонска Каменица. „Саса“ е рудник со најголем капацитет за експлоатација на оловно – цинкова руда. По транзицијата пред дваесетина години кога „Саса“ беше доведена на раб на пропаст беше продадена во стечајна постапка на странска компанија. Актуелниот сопственик на „Саса“ е скопското друштво ЦМК Европа ДООЕЛ кое е поседувано од странско друштво ЦМК Мининг Б.В. „Саса“ лани остварила приходи од 96,7 милиони евра, што е за 15 отсто помалку од претходната година. Добивката на друштвото е 41,5 милиони евра што е за 12 отсто помалку од претходната година. Управител на „Саса“ е странски државјанин Олег Телној. „Саса“ е убедливо најуспешната компанија во источна Македонија. Друштвото сопственик на „Саса“ ЦМК Европа ДООЕЛ лани остварило приход од 66,9 милиони евра и профит од 66,2 милиони евра. Ова друштво е регистрирано за трговија на големо со метали и метални руди.

Како профит од работењето на „Саса“ останале 43 отсто од приходите.

„Бучим“ е единствениот и најпознат македонски рудник за бакарна руда кој беше приватизиран кон крајот на минатиот век во добата на македонската транзиција. „Бучим“ е една од најуспешните компании чие седиште е во Радовиш. Ова друштво лани остварило приход од 50,1 милиони евра и тоа е за 15 отсто послаб резултат од 2018 година. Компанијата која вработува над 600 вработени лани остварила добивка од 14,4 милиони евра и тоа е за 17 отсто помалку од профитот во 2018 година. „Бучим“ има два сопственика: Солвеј Индастрис ЛТД и Солвеј Индастрис ЕСТИ ОУ. Второто друштво се јавува како сопственик на компаниите „Кадиица Метал“ и „Боров Дол“ нови наоѓалишта за ископ на бакарна руда во тој регион. Долгогодишен прв човек на „Бучим“ е Николајчо Николов, а како втор управител е впишан Васил Боруцкиј.

„Бучим“ преточил во профит 30 отсто од приходите

Булмак 2016 е компанијата сопственик на рудниците за оловно-цинкова руда во злетовско и кривопаланечко односно поранешната рударска компанија „Рудници Злетово“ најстара рударска компанија во нашата земја. Ова друштво од пред 4 години е превземено од булгарската голема рударска компанија „Минстрој Холдинг“. Лани друштвото има приход од 24,5 милиони евра што е за 3 отсто подбар резултат од 2018 година. Добивката лани изнесува 5,4 милиони евра и е за 16 отсто пониска од 2018 година. Друштвото ангажира на 700 вработени. Управители се : Илија Горанов Илиев и Гоце Мојсоски.

Добивката во приходите на „Булмак 2016“ учествува со 22 отсто

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?