Историја: НАСА лансираше ракета со двајца астронаути во вселената
Објавено во: Свет 31 Мај, 2020
Историски настан кој го проследи целиот свет - НАСА вчера во 15.22 часот по американско време ја лансираше во вселената ракетата „Фалкон 9“. Во неа беа и двајца астронаути на НАСА. Странува збор за ракета на компанијата SpaceX на Елон Маск која има екипаж прв пат по 2011 година.
По 13 минути од лансирањето капсулата се одвои па ракетата самостојно лета до Меѓународната вселенска станица. Се очекува патувањето да трае 19 часа.
Пилотирањето со капсулата ќе го прават двајцата астронаути кои се наоѓаат во неа, Боб Бенкен (49) и Даг Харли (53), кои ќе поминат неколку недели на Меѓународната вселенска станица и ќе му помагаат на екипажот кој веќе се наоѓаат во вселенската лабораторија.
Првично настанот беше предвиден за средата но беше одложен поради лоши временски услови од Флорида.