Историски ден за македонскиот стартап екосистем, eве зошто
Објавено во: Економија 26 Октомври, 2021
Коста Петров, директор на Фондот за иноваци и технолошки развој (ФИТР) објави дека ова е историски ден за македонскиот стартап екосистем.
Владата го изгласа Планот за забрзан економски раст 2022-2026 кој вклучува хибриден Инвестициски фонд од 27 милиони евра, со фокус на стартапи и иновативни компании.
„Во Инвестицискиот фонд државата ќе учествува со 10 милиони евра, додека остатокот од 17 милиони евра ќе биде приватен капитал и од меѓународни финансиски институции. Инвестицискиот фонд ќе биде менаџиран од меѓународно избрано Друштво за управување со фондови, кое е регистрирано согласно Законот за алтернативни инвестициски фондови во ЕУ. Инвестициите на Фондот ќе се движат од 100 илјади евра до 1,5 милиони евра, а ќе се инвестира во македонски и во регионални стартапи“, информира Петров.
Се очекува Фондот да започне со инвестиции во втората половина од 2022 година.