ИСТОРИСКИ МОМЕНТ: „Дизни“ го презеде програмот на „Фокс“ за 71 милијарди долари
Објавено во: Економија 21 Март, 2019
Компанијата Дизни го заврши преземањето на забавната програма на „21 Сенчури фокс“ во рамки на 71 милијарда долари вредна трансакција.
Со ова под „еден корпоративен кров“ се обединија франшизите како „Пепелашка“, „Симпсонови“ и „Војна на ѕвездите“.
Компанијата „Волт Дизни“ нешто после полноќ по њујоршко време ја заврши аквизацијата, пренесе Гардијан. Во рамки на дговорот, Дизни ќе ги апсорбира филмските и ТВ студија на Фокс, потоа тв мрежите ФХ, „Неншнал џиографик“, и индиската Тв станица „Стар Индија“.
Ова е извонреден и истриски момент за нас, кој ќе создаде значајна долгорочна вредност за нашата компанија и акционери-изјавил Роберт Игер , претседател и извршен директор на „Дизни“.
„Дизни„ исто така планира подоцна оваа година да лансира нова услуга за стриминг на Дизни плус, со што ќе стане директен конкурент на Нетфликс.
Пред преземањето на дел од Фокс, „Дизни“ се пофали со неверојатна каталошка содржина, вклучувајќи класични цртани филмови, Војна на ѕвездите и многу Марвелови ликови.
Аквизацијата исто така на Дизни му носи дополнителна контрола над ТВ емисии и филмови од почетокот до крајот - од креирање на програмот до дистрибуција по пат на телевизиски канали, кино и стриминг услуги.